Ваквиот потег добар дел од скопјани го сметаат за манипулација на Шилегов иако ги има и оние кои сметаат дека е направена грешка

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 август, 2018 14:31

Град Скопје со старо видео сака да докаже дека утрово се прскало?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Град Скопје денеска лиферуваше соопштение во кое се наведува дека започнало третото продолжено и засилено прскање против комарци во Скопје и со видео се обидоа да докажат дека утринава се прскало во главниот град.

Но видеото кое што е посочено во соопштението е со постар датум односно на Јутјуб каналот е објавено на 8-ми јули 2018 година при што тоа е и видео со кое се информираат пчеларите навремено да превземат мерки за заштита на пчелите.

Видеото кое денес го промовираше Град Скопје е од 8 јули 2018 година а не од денешното утринско прскање ако воопшто го имало.

Оттука се наметнува прашањето дали Град Скопје свесно ги манипулира граѓаните или пак станува збор за ненамерна грешка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.