Николоски смета дека со Преспанскиот договор и на Грците им е е незгодно што добија толку многу а не побараа, најави жестока дебата по уставните амандмани во Собранието

Објавил: Мартин Попоски | 6 ноември, 2018 7:37

Грците и на празен лист да си напишеа што сакаат, ќе имавме подобар договор

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Николоски на ТВ гостување образложи дека подобар договор од Преспанскиот договор беше возможен затоа што Преспанскиот договор е најлошиот договор кој што Македонија можеше да го добие.

Николоски останува на ставот дека полош договор едноставно не е можно да биде постигнат.

Да не преговараше македонската страна, само да им дадеа празен лист хартија на Грците да си напишат што сакаат, ќе имавме подобар договор, бидејќи незгодно ќе им беше на Грците да напишат волку работи колку што добија. Значи апсолутно го имаме најлошиот договор кој што можеше да се постигне за името.

И факт е дека со една напорна работа, со посветеност, со една чесна влада и со влада која што сака да го реши спорот, но, во исто време се спрема, има аргументи позади себе и меѓународни пријатели, во такви услови апсолутно може да се постигне подобар договор од овој договор. – кажа Николовски.

Тој додаде дека во однос на актуелната ситуација, ВМРО – ДПМНЕ ќе направи се да спречи договорот да се реализира во Собранието.

Со наши аргументи што ќе ги искажеме во Собранието ќе се премислат и пратениците од СДСМ и останатите пратеници кои што гласаа. Затоа што аргументите се целосно на нашава страна. – посочи Николоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.