Оттаму, инсистирањето на СДСМ и на неговите политички сојузници парламентот сепак да заседава не е поврзано со причини од формално-правен карактер.

Објавил: Перо Милчин | 23 април, 2020 22:43

Дали тоа Заев нѐ води на корона избори?

Фото/Текст извор: ©плус инфо

Ако се почитува волјата на најголемите политички партии изразена на лидерските средби – на кои, да се потсетиме, прво падна договор на 12 април да се одржат предвремени избори, а потоа заедничката одлука беше суспендирана и се прогласи вонредна состојба – нема разумна причина за повторно свикување на веќе распуштениот парламент.

Оттаму, инсистирањето на СДСМ и на неговите политички сојузници парламентот сепак да заседава не е поврзано со причини од формално-правен карактер.

Во Македонија е прогласена вонредна состојба. Два пати. Ако постои потреба и договор меѓу клучните актери на политичката сцена, претседателот Стево Пендаровски може и по трет пат да прогласи вонредна состојба. Сѐ додека е потребно и легитимно.

Во услови на вонредна состојба, владата, која сега случајно е техничка, но владее со полн легитимитет и капацитет, донесува уредби со законска сила. Спикерот Талат Џафери со право укажува дека владините уредби ќе ги одобри (или нема да ги одобри) следниот парламентарен состав. И тука не постои никаков правен јазол што треба да го расплетува распуштениот парламент.

Дали Заев е доволно моќен да наметне одлука за блиц-криг избори во јуни? Oдговорот на ова прашање е клучот за разбирање на сценариото за седницата на распуштениот парламент во време на вонредна состојба. Не, Заев не е доволно моќен при ваков распоред на силите. Евидентно е дека тој нема консензуална поддршка за избори во јуни. А и ДУИ, коалицискиот партнер на СДСМ, вели дека не ја разбира потребата од оваа итна седница.

Со еден збор, не постојат причини од формално-правна природа што ја поткрепуваат инциjативата на СДСМ. Но, Уставот дава можност распуштениот парламент да заседава во услови на вонредна или воена состојба и таа уставна одредба ја „покрива“ смислената операција. Сосема друго прашање е кои се вистинските причини и каква е намерата.

Всушност, дури и тоа може да се насети. Иако сѐ уште се приближуваме кон моментот што ќе биде означен како пик на епидемијата на ковид-19 во Македонија (веројатно тоа ќе биде некаде од почетокот до средината на мај), поранешниот премиер Зоран Заев очигледно интензивно размислува за итно одржување на одложените предвремени парламентарни избори.

Во јавноста веќе се спомнува јуни, како месец во кој сдсмовците би сакале да истрчаат на теренот, во надеж дека силно ќе ги поразат своите конкуренти.
Во медиумите под контрола на агитпропот, некаде отворено а некаде само меѓу редови, може да се прочита зошто му се брза на Заев.

Факт е дека корона кризата целосно ги покри очекуваните пропагандни ефектиодприемот на Македонија во НАТО и од одлуката за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Од друга страна, иако веќе се гледаат првите знаци на голем пад на македонската економија, експертите предвидуваат дека вистинскиот потрес треба да се очекува во втората половина од годината, кога ќе попушти кондицијата на економските субјекти.

Од трета страна, пак, по нормализирањето на животот во земјата, кога нема да бидеме опседнати со епидемијата како што сме сега, вниманието на јавноста неминово повторно ќе се сврти кон темите од времето пред короната: хибриден режим, недооформени демократски институции и практики, високо ниво на корупција, скандали, проблеми во правосудниот систем, проблеми во медиумите, проблеми насекаде…

Спикерот Талат Џафери со право укажува дека владините уредби ќе ги одобри (или нема да ги одобри) следниот парламентарен состав. И тука не постои никаков правен јазол што треба да го расплетува распуштениот парламент.

Кога сѐ ќе се собере и одземе, јасно е дека резултатот на СДСМ на изборите што би се одржале во јуни секако ќе биде подобар од резултатот ако изборите се одржат во септември, а септемврискиот резултат би бил подобар од оној што владејачката партија ќе го постигне на првиот следен термин, а тоа веќе би бил терминот на редовните избори. Затоа на Заев му се брза. И тоа може да се разбере.

Според досегашното политичко искуство во Македонија, терминот за предвремени избори се определува на два начина: или со консензус на најмоќните партии, кој овозможува да се спроведе договорениот пржински формат на техничка влада сто дена пред изборите; или со еднострана одлука на владејачката коалиција, без договор со опозицијата, при што коалицијата треба да биде доволно моќна политички да ја издржи таа ризична одлука.

Груевски, на пример, во 2008 година свика вонредни избори затоа што беше политички моќен (а СДСМ екстремно слаб), но тој доби и силна поддршка од меѓународниот фактор, да го нокаутира грогираниот политички противник. За да добие изим од странците за такво нешто, Груевски сигурно ветил многу, но подоцна не испорача ништо од ветеното.

Дали Заев е доволно моќен да наметне одлука за блиц-криг избори во јуни? Oдговорот на ова прашање е клучот за разбирање на сценариото за седницата на распуштениот парламент во време на вонредна состојба.

Не, Заев не е доволно моќен при ваков распоред на силите. Евидентно е дека тој нема консензуална поддршка за избори во јуни. А и ДУИ, коалицискиот партнер на СДСМ, вели дека не ја разбира потребата од оваа итна седница.

Освен тоа, наративот „владата на чело со Филипче успешно и херојски ја совлада епидемијата“ за Заев ќе биде најважниот адут во изборната трка, ама во време кога епидемијата можеби ќе биде стивната, но сигурно нема да биде совладана. Во јавноста ќе се постават безбројни логични и разумни прашања за ризиците од одржување на една ваква масивна операција во време кога сѐ уште ќе броиме нови заразени (се надевам веќе не и нови починати), но и за тоа каква смисла има на луѓето да им се наметнуваат секојдневни ограничувања во движењето и нови правила за заштита, а истовремено да се повикаат масовно да ги посетат избирачките места.
Во отсуство на консензуална поддршка за одржување корона избори, Заев очигледно е советуван да го свика парламентарниот состав, да го отстрани претседателот Талат Џафери од челната позиција и да го рекомпонира владејачкото мнозинство, сега без ДУИ. Сценариото е датумот за изборите во јуни да го определи новото владејачко мнозинство, во кое, покрај Беса, би влегле и одметнатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и некои други партии, можеби и од албанскиот блок. Се разбира, доколку има потенцијал оваа операција да успее, доколку Заев собере повеќе од 61 пратенички глас за нова владејачка коалиција, одлуките на парламентот нема да можат формално-право да се оспорат, или да се прикажат како политички нелегитимни. Парламентарниот состав е пресек на политичката волја на избирачите изразена на последните избори.

Груевски, на пример, во 2008 година свика вонредни избори затоа што беше политички моќен (а СДСМ екстремно слаб), но тој доби и силна поддршка од меѓународниот фактор, да го нокаутира грогираниот политички противник. За да добие изим од странците за такво нешто, Груевски сигурно ветил многу, но подоцна не испорача ништо од ветеното.

Но, Заев веќе не е млад политичар.

Тој знае, или би требало да знае, дека во македонската политика два и два не се секогаш четири. Никогаш и не биле. Во македонскиот парламент победничката македонска партија мора да ја има поддршката на победничката албанска партија, ако сака да владее без криза. Во Македонија секогаш е нужен извесен степен на консензуална поддршка за крупните политички прашања (посебно за оние за кои е потребно двотретинско мнозинство во парламентот), за што е неопходна конструктивност и партиципативност на опозицијата.

Тој што ќе одлучи да ги прекрши тие непишани правила и да владее со мнозинство од 61 пратеник, тој утре ќе нема право да бара партиципативност од политичките соперници, тој ризикува да го зголеми нивото на конфликтност во општеството и им ја отежнува работата на странците, кои се тука да помагаат во менаџирањето на политичките кризи.
Како и да е, кој и да го осмислил ова сценарио, претходно веројатно направил добра анализа и ги предвидел сите околности и последици на одлуките што се испланирани. Би било страшно да не е така.

Вакви одлуки не се носат во афект или од страв. Затоа, со внимание го следам развојот на настаните, но ќе се воздржам од коментари, барем додека не видиме што ќе се случи на таа маскенбал седница. Реков веќе, Заев не е јабанџија.

Голем си е, си знае. А секој возрасен и разумен човек, ако не свесно, тогаш инстинктивно, знае дека изборот што го прави и одлуките што ги носи денес ја определуваат неговата судбина утре. Така е во политиката, така е и во животот воопшто.
И уште нешто Заев веројатно знае… Мечка со решето не се плаши, а домашниот есап на пазар може и да се изјалови.

Бранко Героски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...