Од ВМРО велат дека граѓаните се сведоци како Заев и неговата влада не прифати да се продолжи правото на парична помош на мајка која родила четврто дете

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 мај, 2019 13:28

Две години на власт е Заев, а државата блеска во најлошите параметри

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Две години на власт е Заев, а државата блеска во најлошите параметри. Стапката на сиромаштија се искачи на 500.000 граѓани.

Во Македонија 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија. СДСМ ништо не направи за да се подобри стандардот на граѓаните. Секојдневно растат цените за на потрошувачката кошница, цената на дизелот вртоглаво расте, а граѓаните едвај можат да преживеат во месецот стои во соопштението на ВМРО.

Од ВМРО реагираат дека оставката на Богоевски е манипулација на власта

Од ВМРО додаваат дека граѓаните знаат дека пратеничката група на СДСМ не ги прифати амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија кои предвидуваа да им се помогне да најзагрозените семејства во Македонија.

Граѓаните видоа дека Владата на СДСМ не прифати домаќинства кои користат гарантирана минимална помош да остваруваат паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел  од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството 12 месеци во годината наместо предвидените 6 месеци во предложеното законско решение.Граѓаните се запознаени дека СДСМ не прифати зголемување на надоместокот за потполно глувите лица од 4.100 денари на 5.200 денари, стои во соопштенито на ВМРО.

Од ВМРО велат дека граѓаните се сведоци како Заев и неговата влада не прифати да се продолжи правото на парична помош на мајка која родила четврто дете која се грижела за своите деца до нивната 18 годишна возраст, која е невработена и не користи право на пензија по наполнување на 62 години живот.

Ова право беше предвидено како и во старото законско решение да изнесува 8.000 денари.За сите штетни мерки што ги спроведе Заев и неговата Влада, граѓаните ќе бараат одговорност.Зоран Заев ќе одговара за расипничкото трошење на парите на граѓаните и ќе се стави крај на сето ова што го прават.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.