До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 27 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јуни, 2020 16:48

Десет заразени здравствени работници во Градската болница „8 септември“

Фото/Текст извор: ©фокус.мк фото СДК

Десет заразени здравствени работници од Ковид 19 се регистрирани во Градската болница „8 септември“, позната и како Ковид болница, во која се носат речиси сите сомнителни случаи, потврди за „Фокус“, директорот на болницата, доктор Кристијан Костов.

Сепак, тој тврди дека повеќето од медицинскиот персонал не се заразил внатре во болницата.

„Процентот дека се заразени надвор од болницата е многу висок. Три месеци немавме ниту еден заразен и сега наеднаш 10. Сите се добро опремени, а сега имаат уште подобра заштитна опрема. Слободно можам да потврдам дека повеќето се заразиле надвор од работното место – вели доктор Костов.

Раководителката на Инфективното одделение во Градската болница се обрати до сите оние граѓани кои не ги почитуваат мерките.

„Со вашите теории на заговор убијте го целиот персонал, па со вашите теории на заговор ќе се лечите сами“, вели инфектологот Каламарас

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 27 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

Засега се чекаат резултатите од направените брисеви на уште 15 пациенти.

Според последниот објавен извештај на Институтот за јавно здравје од 3 јуни се наведува дека досега од Ковид 19 се заразиле 285 здравствени работници. Според нашите информации, денеска се потврдени уште четворица заразени здравствени работници, а на неколку клиники утрово се земени брисеви на уште неколку сомнителни случаи на здравствени работници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.