Неспособноста на СДСМ се докажа и увиде и во извештајот на Европската комисија за енергетика, која им препорача дека треба да се инвестира во нови ресурси и дека се потребни поголеми инвестиции во енергетската ефикасност.

Објавил: Владо Марин | 10 јануари, 2021 12:00

Додека Заеви јадат од златни вилушки и лажици народот плаќа поскапа струја

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Стерилните соопштенија на СДСМ нема да го сокријат луксузот на семејството Заеви.

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ!

Заев откако е на власт граѓаните не видоа ниту една корисна реформа освен поскапување на струјата.
Заев и СДСМ без тронка срам на подмолен и шверцерски начин ја покачија цената на струјата во сред епидемија. Поради Заев и СДСМ граѓаните плаќаат 13-та сметка за струја.

Неспособноста на СДСМ се докажа и увиде и во извештајот на Европската комисија за енергетика, која им препорача дека треба да се инвестира во нови ресурси и дека се потребни поголеми инвестиции во енергетската ефикасност.

Заев и СДСМ пред да дојдат на власт на граѓаните ветуваа гасификација и природен гас до сите домаќинства во државата, но на СДСМ побитно им беше за четири години да ја задолжи државата со рекордни 7 милијарди евра, од кои пари граѓаните не видоа ниту денар.

Енергетиката за оваа неспособна влада е црна дупка, велат од Вмро-Дпмне!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.