Пратениците на Канческа Милевска ќе гласале воздржано за уставните амандмани, ама само во оваа, втора фаза каде и не се битни, во третата финална ќе ги поддржеле, по навика

Објавил: Мартин Попоски | 2 декември, 2018 11:36

Драмската секција на Канческа Милевска ќе гласа воздржано

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратениците од опозицијата кои го овозможија отворањето на Уставот ќе гласаат воздржано за трите амандмани на Владата.

Драмска едночинка на пратениците на Канческа Милевска ја најави пратеникот Зеќир Рамчиловиќ.

Колегите пратеници се потсмев констатираат дека осумте пратенички гласа во оваа фаза од уставните промени и не се битни, па за очајно лоша ја оценуваат глумата на одметнатите пратеници од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата.

Ние осум пратеници кои овозможивме отворање на Уставот со цел интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, ќе гласаме воздржано во поглед на треите амандмани со цел да оставиме простор за јавна дебата за предлози.

Потврда дека сите треба да се вклучат во овој процес е прифаќање на нашиот амандман со кој се гарантира македонскиот идентитет – рече Рамчиловиќ за четвртиот амандман и ги повика пратениците од ВМРО – ДПМНЕ да го поддржат овој амандман.

Рамчиловиќ како пратеник треба да знае дека гласањето воздржано или против апсулотно нема да го спречи потребното просто мнозинство кое Заев го има да ги гласа уставните амандмани. Но сепак додаде.

Нашиот воздржан глас за трите амандмани е и потсетување дека процесот на уставните измени е врзан со процесот на простување и помирување. Со нашиот глас за отворање на Уставот се отвори дебата во која учестуваа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со што потврдија дека е потребна дебата. – додаде тој.

Повикот на дебата во втората фаза добива на апсурдност како опозиционата ВМРО – ДПМНЕ е времено ограничена да дебатира за нацрт уставните амандмани по што т.н. владеачко мнозинство со 61 пратенички глас по “кратка постапка” ќе ги изгласа уставните амандмани во втората фаза.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.