Според ДУИ, насилство во Собранието извршиле пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците.

Објавил: Мате Парлоф | 28 јуни, 2022 6:30

ДУИ по инцидентот: Собранието ќе продолжи да функционира во прозападно-американски дух

Фото/Текст извор: © магазин.мк

Демократската унија за интеграција најостро го осудува насилството што вчера на седницата на Комисијата за европски прашања во Собранието го извршија пратениците на ВМРО ДПМНЕ заедно со пратениците на Алијансата за Албанците.

Ова е реакцијата на ДУИ на вчерашниот инцидент во Собранието кога координаторот на нивната пратеничка група Арбр Адеми со филџани и шишиња фрлаше кон пратениците од опозицијата.

Секогаш кога тема на расправа и на дневен ред во Собранието е воспоставувањето правда во државата, ВМРО ДПМНЕ и Алијансата за Албанците провоцираат вербално и физичко насилство со цел да го заштитат криминалот и секогаш се појавуваат против правилното функционирање на правосудниот систем.
Денеска на седницата на Комисијата за европски прашања уште еднаш се докажа дека ВМРО ДПМНЕ и другите опозициски партии со насилство ја блокираа работата на Комисијата и токму пратениците кои се под истрага, поттикнаа инцидент и ја прекинаа седницата.
Демократската унија за интеграција ги информира граѓаните и пошироката јавност дека Собранието ќе продолжи да функционира во прозападно-американски дух и ќе ја поддржи реформската агенда во партнерство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија, порачаа од ДУИ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.