МПЦ законски не подлежи на данок, па прашање е дали објектите ќе бидат народни затоа што црквата и се фондира само од него, кој ете верува во Бога а не светиот имотен лист

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 ноември, 2018 7:52

Духовното мило, материјалното помило, МПЦ стана инвеститор?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

На паркингот спроти хотелот “Холидеј Ин” ќе никне комплекс згради, кои биле предвидени со некој ДУП, иако до сега се молчело за него, а ко-сопственик како инвеститор се јавува и МПЦ.

Државниот дел од земјиштето на паркингот спроти ГТЦ го купиле две домашни компании за сума од 2.9 милиони евра. Државата продала парцела од 9 илјади метри квадратни по цена од 312 евра.

Купувачи се фирмите М.Г Фешн и ТДГ Обновители. М.Г Фешн е во сопственост на Тања и Зоран Антиќ, а додека фирмата Обновители е во сопственост на МПЦ и Зоран Антиќ.

Продажбата е направена пред еден месец а сумата е веќе уплатена на сметака Буџетот на државата. Станува збор за атрактивна локација во центарот на градот, која дел била во државна, а дел со денационализација била вратена на приватни сопственици.

Тие откако им било вратено земјиштето истото го продале на приватен инвеститор. Откупувајќи ги приватните парцели – инветситорот, се стекнал со повеќе од 30 отсто од урбанистичката парцела, односно со 4.605 метри квардатни па според законите со доофорумување на парцелата го докупил и државното земјите од 9.000 метри квадратни за што е склучен договор во непосредна спогодба.

Согласно Законот за градежно земјиште – градежено земјиште сопственост на Република Македонија се отуѓува со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидна со урбанистички план или урбанистичка планска документација доколку лицето има во сопственост повеќе од 30 отсто од градежната парцела. – велат од Министерство за транспорт и врски.

Дополнително од транспорт и врски појаснуваат дека откако законските услови биле исполнети, испочитувани сите процедури а било обезбедено и позитивно мислење од Државното правобранителство – по уплатата на парите бил склучен и договорот и направена негова солемнизација. Од ресорното министерство посочуваат дека на локацијата предвидено е да се градат А2 станбени згради, но и комерцијални објекти.

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ вели дека на сопственикот на парцелата, кој практично покажал дека има повеќе од 30 отсто од урбанистичката парцела му ги дале податоците од деталниот урбанистички план, според кој таму е предвидено да се градат 60 катници, но Богдановиќ посочува дека, во општината има мораториум, и дека тој план ќе се ревидира, во следните два месеци очекува дека ќе има поконкретна информација.

Ќе има и јавна анкета да се слушне мислењето на граѓаните, но Богдановиќ не очекува дека таму ќе се градат 60 катници како што сега е предвидено.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.