Методи Чепреганов вели дека поради 20 отсто кои не ги почитувале мерките сите останати се жртви...

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 јуни, 2020 22:25

Д-р Чепреганов: Ние сме жртви на тие 20% кои не ги почитуваат мерките!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Познатиот невропсихијатар Методи Чепреганов во отвореното студио на ТВ 24 рече дека во моментот оваа одлука за карантин во општините кои се сметаат за жариште, и големиот број на нпвозаразени пациенти од Ковид-19 се всушност дело на оние 20 отсто кои не се придржувале до мерките.

Тие 20 проценти не ги почитуваат мерките поради менталниот склоп. Ние сме жртви на тие 20 проценти кои се однесуваат неодговорно и го загрозуваат сопственото и туѓото здравје. Суетата и инаетот со себе носат експресија кон надвор и сејат завист, љубомора и злоба, а со такви луѓе не може да се разговара рече Чепреганов.

Проф. д-р Методи Чепреганов е Специјалист по невропсихијатрија и епилептологија. Објавил над 260 научни трудови и 130 монографии од областа на Неврологијата и епилептологијата .

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.