Во оваа Влада ќе има и еден министер без ресор, или вицепремиер за борба против корупција, а тоа ќе биде Љупчо Николовски. Вицепремиер за економски прашања предложен е Фатмир Битиќи.

Објавил: Владо Марин | 19 август, 2020 20:21

ЕКСКЛУЗИВНО: Кои се министрите од СДСМ во новата Влада

Фото/Текст извор: ©сител

СДСМ веќе ги има дефинирано имињата на новите министри, дознава Сител.

Порај Зоран Заев, кој ќе ја води владата, во нејзе како министри ќе бидат:
 
Благој Бочварски како министер за транспорт и врски, Ирена Стефовска како министер за култура, Бојан Мариќиќ како министер за правда, Шахпаска како министер за труд и социјална политика, Мила Царовска ќе го води образованието, Никола Димитров секретаријатот за европски интеграции, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, одбрана и МВР, Министер за здравство останува Венко Филипче, Локална Самоуправа останува кај ЛДП, Горан Милевски ќе биде пак министер.
 
Во оваа Влада ќе има и еден министер без ресор, или вицепремиер за борба против корупција, а тоа ќе биде Љупчо Николовски. Вицепремиер за економски прашања предложен е Фатмир Битиќи.

Од редовите на ДУИ, Бујар Османи ќе биде министер за надворешни, Фатмир Бесими за финасии, Бектеши за Економија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.