Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, јасен по ставот дека одлука дали сакаат или не во ЕУ ќе дадат 81 милион државјани на земјата на референдум, затоа што се чека предолго

Објавил: Мартин Попоски | 5 октомври, 2018 7:27

Ердоган: Можен е референдум за членство во ЕУ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, рече дека на Турција би и одговарал референдум за пристапување во Европската Унија додавајќи дека за тоа ќе разговара со своите колеги.

Ердоган веќе подолго време јавно го изразува незадоволството од бавниот процес на пристапување на Турција во Унијата.

Ова е 2018 година и ние уште чекаме. –  рече тој.

Додаде дека сега е време политичарите да им се обратат на турските граѓани.

Наша работа е сега да им да се обратиме на нашите граѓани и да видиме што имаат да кажат за тоа прашање 81 милион луѓе. – рече Ердоган.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.