Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделник, во Сочи, ќе разговара со неговиот руски колега Владимир Путин за состојбата во Идлиб и помош за сириските власти

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 септември, 2018 12:26

Ердоган ќе се сретне со Путин на тема Идлиб и Сирија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Турскиот министер за надворешани работи Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека Турција работи на прекин на огнот во сириската област Идлиб и нуди соработка против терористичките групи во оваа област.

Сириската, руската и иранската армија ја напаѓаат областа, која веќе со години е под контрола на бунтовнички групи, меѓу кои има и исламисти.

Турција и западните земји стравуваат дека оваа офанзива ќе доведе до голем број жртви, како и до нов бегалски бран кон Европа.

Чавушоглу најави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган в понеделник во Сочи ќе разговара со неговиот руски колега Владимир Путин за состојбата во Идлиб.

На претходната средба во Техеран, организирана од иранскиот претседател Хасан Рохани, Турција побара прекин на огнот, но ова барање беше одбиено.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.