Кандидатот за претседател на Бразил на ултрадесничарите, Жаир, и од болница продолжи со изјави и кампања, која цело време ја базира на моќта на социалните мрежи

Објавил: Мирко Бачиќ | 11 септември, 2018 16:57

Жаир Болсонаро и по обидот за атентат, води на анкетите за претседател на Бразил

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ултрадесничарскиот кандидат за претседателските избори во Бразил Жаир Болсонаро, кој минатата недела беше избоден со нож, води во однос на противкандидатите.

Болсонаро е избоден до нож во стомак во текот на еден предизборен митинг и од тогаш се наоѓа на интензивна нега во болница.

Иако ранет, тој убедливо води во однос на противкандидатите на претстојните претседателски избори во октомври, наведува Ројтерс и истакнува дека тоа го покажува вчера објавената анкета на бразилскиот институт за истражување на јавното мислење „Датафоља“.

Се наведува дека во првата анкета спроведена по речиси фаталниот напад на Болсонато тој имал поддршка од 24 отсто на испитаниците, додека минатомесечната анкета покажуваше 22 отсто подрршка за него.

На второ место зад него е левичарскиот кандидат Сиро Гомеп со 13 отсто поддршка на учесниците во анкетата, наведуваат агенциите.

Болсонаро, поранешен војник и контроверзен бизнисмен, често го нарекуваат „бразилски Доналд Трамп“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.