28-годишната Блерта Поцеста, имала намера да го убие само сопствениот татко, но ги убила и мајката си и сопствената сестра, и ја навела причината за грозоморниот чин

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 септември, 2018 6:25

Жената која си ги уби родителите и сестрата во Дебар ја откри причината за трократното убиство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според првичните сознанија на истрагата 28-годишниот Блерта Поцеста го организира убиството на таткото, мајката и 13 -годишната сестра, но тврди дека не пукала лично.

„Тие не ми дозволија да се омажам за Италијанците”, кажала Блерта пред полицијата оправдувајќи го но и не признавајќи дека го убила семејството во Дебар.

Таа признала дека е организатор на ликвидацијата, но не и убиец.

Иако во куќата полициската форензика открила само нејзини траги, но не и од други лица, па се уште не е исклучена можноста сепак и таа да учествувала во убиството.

Пиштолот со кој биле убиени бил купен од Ферди Г., момче од Гостивар.

Според информациите од италијанската полција таа користела наркотични дроги и во Италија била заведена како нарко зависник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.