Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, потврди дека ќе прифати ТВ дуел со претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, но кога Мицкоски јасно и јавно ќе каже дека е против бојкот

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 септември, 2018 13:07

Заев го одби Мицкоски за ТВ дуел

Фото/Текст извор: ©гугл.ком/магазин.мк

Премиерот и претседател на СДСМ, Заев денеска одговори на повикот од претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски, за ТВ дуел.

Заев истакна дека ќе прифати дуел откако Мицкоски ќе каже јасен став дека е против бојкот на референдумот за името на 30-ти септември.

“Подготвен сум да прифатам дебата со господинот Мицкоски кога тој јасно и јавно ќе каже дека е против бојкотирањето. Штом тоа ќе го каже, веднаш ќе ја прифатиме дебатата. Ваквите ставови дефинитивно ја ставаат во заблуда иднината на Македонија”, изјави Заев.

Заев на прес конференцијата со косовскиот претседател Хашим Тачи, одговорајќи на новинарско прашање како ги коментира поканата од лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски за ТВ дуел и неговиот став секој да гласа по сопствено убедување на претстојниот референдум.

Според него, иднината на Македонија заслужува секогаш да се разговара за тоа прашање и од тој аспект бојкотирањето на иднината на Македонија не претставува никаков основ да се седне да се разговара.

Мицкоски го повика Заев на ТВ дуел за референдумот и за Договорот од Преспа за време на синоќешната прес-конференција на кој што го соопшти партискиот став за референдумот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.