Доколку имате малку памет, прекинете ја постапката за попис на населението.

Објавил: Мирко Бачиќ | 21 март, 2021 9:06

Заев да го стопира пописот, така ќе спречи смрт на околу 2400 лица од корона

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во услови на пандемија и кризна состојба во Македонија, Заев е решен да спроведе попис.

Целта му е само една – реалзирање на меѓупартискиот договор.

Здравјето на граѓаните воопшто не му е во фокус.

Заев не гледа дека сите земји ги одлагаат пописите, ниту ги слуша препораките на Евростат кои велат – внимавајте пандемија е, не е време за попис.

Сепак, владата Владата, одлучно, со целиот капацитет кој го нема, ќе спроведува попис на населението!

Во вакви епидемиолошки услови пописот треба да се стопира!

Опасноста од спроведување попис е голема!

Невакцинирани попишувачи ќе значат масовно ширње на вирусот и потенцијални 2400 жртви само од пописот, а според проценките ќе се инфицираат околу 50 илјади  лица.

Не успеаја да набават ниту вакцини, па барем попишувачите кои ќе одат од дом во дом да бидат вакцинирани.

Доколку имате малку памет, прекинете ја постапката за попис на населението.

Ќе дојде време кога ќе одговарате за сите постапки, а најтешки се загрозувањето на животите и здравјето на граѓаните на Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.