Од ВМРО велат дека да беше Македонија правна држава, и со неа да не управуваше оваа криминална влада, до сега во најмала рака Дудуш требаше да биде повикан на исказ, а истрагата ќе беше во поодмината фаза.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 јуни, 2019 0:02

Заев и Јавното обвинителство се обидуваат да го заташкаат случајот со Курто Дудуш

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Деспотот Заев го штити насилникот Курто Дудуш. Деспотизмот на Заев добива загрижувачки размери,стои во соопштението на ВМРО.

Од опозициската партија ВМРО, велат дека СДСМ и премиерот Заев го штитат Курто Дудуш за да го спасат од одговорност

Седми ден нема разврска за случајот со насилникот градоначалник Курто Дудуш. Зоран Заев и Јавното обвинителство го штитат градоначалникот пулен Курто Дудуш за кој целата јавност слушна како малтретира и се изживува врз човек во неговата канцеларија.Седми ден, иако Јавното обвинителство има материјален доказ кој го слушна целата македонска јавност, не го вика Дудуш за да земе исказ од него, ниту пак од другото лице кое се слуша во аудио записот. Седми ден Јавното обвинителство наместо да го гони Дудуш за изживувањето истражува за тоа дали снимката е легална или не,велат од ВМРО.

Од ВМРО велат дека да беше Македонија правна држава, и со неа да не управуваше оваа криминална влада, до сега во најмала рака Дудуш требаше да биде повикан на исказ, а истрагата ќе беше во поодмината фаза.

Зоран Заев и Јавното обвинителство на секој можен начин се обидуваат да го заташкаат случајот со Курто Дудуш и да го спасат од одговорност. Вчера на собраниска седница им се гасеа микрофони на пратеници кога сакаа јавно да зборуваат за случајот.Срамно и недозволиво е власта да ја држи јавноста во мрак, а институциите во грч, само за Курто Дудуш да не оди во затвор.Зоран Заев и Јавното обвинителство треба да знаат дека јавноста го следи случајот и дека нема да биде заборавен. Зоран Заев и Јавното обвинителство треба да знаат дека одговорност ќе има како за Дудуш, така и за луѓето од власта кои го затскриваат случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.