Затворениците бжво Тетово мотивирани како на одмор

Објавил: Васко Белески | 22 јуни, 2023 19:40

Затворениците во Тетово како на одмор

Фото/Текст извор: ©ФБ

Затворениците во Тетовскиот затвор уживаат како на годишен одмор. Директорот на затворот самиот објави фотографии на социјалните мрежи со наслов

„И оваа година во затворот во Тетово е отворена летната сезона“

Ова е втора година како затворениците уживаат во водени лудории во монтажниот базен во затворот, а според објавите на директорот веќе е отворена и оваа летна сезона и базенот повторно се користи.

Објавено е и видео, на кое се гледа како затворениците пливаат, скокаат во базенот, се сончаат. Сепак директорот на затворот Ќефаил Хавзију во објавата вели дека овие објави не ги прават за рекламирање дека е добро во затворот, туку да ги утешат членовите на семејствата

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.