Во отворено писмо со претседателите на парламентите на земјите членки на ЕУ, на 26 јуни, девет дена по Договорот од Преспа, Македонија од ФИРОМ инстант станала Северна

Објавил: Мартин Попоски | 9 октомври, 2018 7:57

За ЕУ девет дена по потпишувањето на Договорот од Преспа станавме Северна

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Европскиот парламент за свој специјален известувач за ФИРОМ го има именувано Иво Вајгл кој правно не смее да ги менува имињата на земјите за кои известува пред највисокото тело на Европската Унија.

Имено Договорот од Преспа е склучен во Нивици на 17 јуни 2018 година, додека во отворено писмо на известителите за Европскиот парламент до претседателите на парламентите на земјите членки на Европската Унија, само девет дена подоцна, се менува и називот на функцијата на Иво Вајгл.

Специјалните известувачи за Европскиот парламент во име на Совето на Европа за Европската Унија каде Вајгл е одговорен за Северна Македонија.

Вајлг на нератификуван нацрт документ со одобрение на Европската Унија преку ноќ станува специјален известител за Република Северна Македонија, и од таа позиција се потпишува на документи кои се испраќаат до претседатели, премиери и парламенти на земјите членки на Европската Унија.

Очигледно проблемот што армијата на САД упорно не нарекува Република Северна Македонија не е провокација туку е поврзана со правниот основ што и самата Европска Унија не именува така.

Прашање до Европскиот парламент и претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск е кој дозволил и врз основа на кој правен акт Вајгл да користи грешен назив во именувањето на нашата држава?

линк до отвореното писмо на европратеници испратено на 26 јуни 2018 година

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.