Во интервју за српска Политика

Објавил: Узунов Бобан | 19 март, 2019 13:57

За Пендаровски Груевски и Иванов се виновни за се !

Фото/Текст извор: ©магазин

Во интервју за српска Политика Стево Пендаровски смета дека претседателот Ѓорѓе Иванов е политичар кој во изминативе 30 години, од прогласувањето независност до сега, најмногу од сите работеше против својата земја, вели кандидатот за претседател на СДСМ, ДУИ и триесетина други партии, Стево Пендаровски.

 

Стево Пендаровски во истото интервју смета дека причина за длабоката поделеност на македонскиот народ се прво поради крупните прашања кои се решиле во изминатиот период, второ политиката на Владата на  поранешниот премиер Никола Груевски што ја прогласувала опозицијата за предавничка, и трето тоа што ВМРО-ДПМНЕ сеуште се однесува како во времето на Груевски

-Во првите осум години беше апсолутно нем на крупните злоупотреби на владата на Никола Груевски. Не можете да најдете ниедна негова изјава во која критикува проект или потег на владата на Груевски, кој, пак, ја донесе Македонија на статусот на заробена држава, што е потврдено со извештајот на Европска комисија од 2016 година. Во последните две години од својот мандат доста е гласен во критика кон владата на Зоран Заев. Претходно одби да му даде мандат за составување на владата, иако Заев имаше обезбедено чисто мнозинство во парламентот. Потоа ги амнестираш најголемите криминалци од врвот на претходната власт, користеше апсолутно вето, на што, според Уставот, немаше право, за на крај да одбие да прифати уставни промени и ново име на земјата – изјави Пендаровски за „Политика“.

Зголемениот интерес за Балканот на големите сили во периодот Пендаровски го објаснува со аспирациите на Црна Гора и Македонија за членство во НАТО на што се спротиставила Руската Федерација. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.