Денеска вардарци ја славеа победата над унгарскиот тим на Веспрем со 27-24, а навивачите горди скандираа во еден глас за шампионот Вардар.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јуни, 2019 21:39

(ВИДЕО) За Стоилов не постои Северна: Столе пред Европа покажа како се сака Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По втор пат Вардар покажа како се пишува историја. Македонскиот ракометен првак Вардар повторно ја освои Европа и по вторпат во својата клупска историја го освои трофејот од најелитното ракометно натпреварување на ЕХФ, Лигата на шампионите.

Денеска вардарци ја славеа победата над унгарскиот тим на Веспрем со 27-24, а навивачите горди скандираа во еден глас за шампионот Вардар.

Но она што особено остави впечаток е дека капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, не го признава новото име на државата. Тој на официјалната прес-конференција покрај тоа што даде изјава за денешниот меч се обрати и до портпаролот на ЕФМ.

Откако македонскиот клуб Вардар беше претставен како шампион на Северна Македонија, капитенот Стоилов реагираше и рече:

„Да потенцирам, мојата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“.

Инаку, Стоилов го исполни ветувањето и дозволи Игор Карачиќ да го подигне историскиот трофеј. 

 

Извор: Гол.МК

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...