Во цела држава

Објавил: Калина Мартинска | 8 април, 2024 12:18

„Здравството на протест за плата“ – лекарите го кренаа гласот

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Неселективно вработување и усогласување на платата – е барањето на здраствените работници.

„Здравството на протест за плата“

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита утрово, пред Работничкиот дом (ССМ), протестираа за неселективно вработување, усогласување на платата согласно Законот за минимална плата и зголемување на коефициентите како додатоци на плата.

– Со протестот сакаме да го искажеме нашето незадоволство од непотпишаниот анекс на Колективниот договор и да укажеме на неминовноста, односно неопходноста од неговото потпишување веднаш по формирањето на новата влада, изјави Љубиша Каранфиловски.

Протестот под мотото „Здравството на протест за плата“, од Работничкиот дом ќе продолжи кон Министерството за здравство каде се предвидени изјави на претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов.

Протестот е поддржан од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Паралелно, денеска, здравствените работници ќе излезат на протест и пред здравствените домови низ државата.

Претставниците на Синдикатот за здравство на средба со министерот Демири

Претставниците на Синдикатот за здравство кои денеска се собраа на протест пред Министерството за здравство ќе бидат примени на средба со техничкиот министерот за здравство Илир Демири.

Здравствените работници денеска, во организација на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, поддржани од Сојузот на синдикатите на Македонија, се собраа на протест пред Министерството за здравство во знак на незадоволство од непотпишаниот анекс на Колективниот договор.

Протест во Тетово со барање за 400 вработувања во Клиничката болница

Здравствените работници од Клиничката болница Тетово претпладнево околу половина час организираа мирен протест во кругот на здравствената установа, по повод Денот на здравјето.

Побараа подобро платени здравствени работници, современи апарати, како и неселективно вработување. Како најголем проблем го посочија недостигот на кадар.

„Нашата болница има вработени кои се недоволни според препораките на СЗО. Ние имаме 470 кревети и тука треба да има по три здравствени работници на еден кревет. Но, кај нас систематизација се прави по желботека и нас ни недостасуваат над 400 здравствени работници, за да се изврши квалитетна здравствена заштита. Тука се вработуваат со договор на дело, а се вработуваат и без систематизација. Треба да се провери каков кадар недостасува во болницата има план проект за тоа, но кај нас нема такво нешто, а сето тоа има негативна референца од друга страна. Нашите барања се општи, да се има неселективни вработувања, да има усогласување на плата, зголемување на коефицент, бенефициран стаж, да се следи состојбата зошто толку заминуваат здравствените работници во странство и тоа да се спречи“, рече Ариф Ибраими од Независниот медицински синдикат.

Филипче уверува дека има план како да ги врати лекарите кои заминале

„Вложивме многу во специјализантите, обеезбедиме плата и здравствено за нив во минатиот мандат. Во следнито мандат за оние кои завршуваат и специјлаизираат ќе направиме се за да ги задржиме тука. Ќе понудиме загаринтирано вработување и одлични услови за да ги мотивираме да останат. Специјализантите ќе ги остварат сите права за текот на нивната пракса преку целосно вкупно здравствено осигурување и ќе добиваат месечен надоместок од почетни 60.000 денари“ рече Филипче на партиска трибина.

ВМРО-ДПМНЕ ветува нов клинички центар

Нова медицинска опрема и реконструкција на дотраените болници низ целата држава, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во партиската програма за здравство.

За подобрување на кадровската политика во здравството во програмата на ВМРО-ДПМНЕ постојат одредени приоритети се со цел да имаме задоволен здравствен кадар од една страна, но од друга страна да имаме и задоволни примачи на здравствени услуги односно пациенти се вели во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ Платформа 1198. Платформа 1198 предвидува анализа веднаш по формирање на владата се со цел мапирање за дефицитарен кадар на сите здравствени установи.

Како приоритет ќе биде сеопфатна анализа на профилите на сите здравствени работници во сите здравствени установи, како на примарно, така на секундарно, терциерно ниво се со цел да може да се креира една добра здравствена политика. Анализата која ќе треба да се спроведе ќе биде реализирана на почетокот веднаш после формирањето на идната нова влада, заради тоа што имаме едни варијации за жал во овие податоци, заради лошото менаџирање за жал изминатиот период имаме секојдневно одлив на голем број на медицински персонал. Затоа ни се потребни точни податоци врз основа на која ќе можеме да направиме мапирање за дефицитарен кадар на сите здравствени установи, вели Шопова и додаде дека со тоа ќе има етапно вработување на дефицитарните кадри со одредени профили.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.