Многу од граѓаните не веруваат дека всушност постои коронвирусот, или дека е толку опасен, па поради тоа Фокус се обрати до Зекири кој ги открива симптомите на вирусот...

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 јуни, 2020 10:30

Зекири за симптомите на Ковид-19: Температура, болки во коските и губење на сетилата за вкус и мирис

Фото/Текст извор: ©фокус.мк

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој заедно со својата сопруга и 3 месечното бебенце, пред три дена беа хоспитализирани, поради корона вирусот, се во стабилна состојба, објави Фокус.

Пред една недела пратеникот и потпретседател во СДСМ, Мухамед Зекири објави дека тој, неговата сопруга и тримесечна ќерка се позитивни на корона вирусот.

Многу од граѓаните не веруваат дека всушност постои коронвирусот, или дека е толку опасен, па поради тоа Фокус се обрати до Зекири кој ги открива симптомите на вирусот…

-Температура, болки во коските, губење на сетилата за вкус и мирис, се само неколку од симптомите, изјави кусо Зекири за “Фокус”.

Тој пред да биде хоспитализиран појасни дека за целото времетраење на полицискиот час ниту имал дозвола за движење, ниту прекршил некоја од мерките за забрана за движење!

-За целото времетраење на месецот Рамазан сите ифтарски вечери ги имав дома, само со членовите на домаќинството – и без посети од никого, тврдеше Зекири.

Тој појасни дека првото излегување од дома му било на Бајрамскиот викенд и за празникот имал средба само со најтесното семејство.

“Доколку вие и вашите најблиски забележите дури и најмали симптоми, не се двоумете и веднаш побарајте помош од лекарите” – напиша Зекири на Фејсбук дента кога дозна дека е позитивен на Коронавирусот.

По остварен контакт со пратеникот Зекири, Мила Царовска, Дамјан Манчевски, Сања Лукаревска и други функционери се во самоизолација….

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.