Заедно со началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Ѓурчиновски, претседателот Иванов во кичевската касарна беше на ручек-војничко гравче со припадниците на овој гарнизон.

Објавил: admin@magazin | 1 јануари, 2019 18:06

Иванов во посета војниците на касарната „Чеде Филипоски -Даме” во Кичево

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Врховниот командант на вооружените сили на АРМ, Ѓорге Иванов придружуван од началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски денеска ги посети и им ја честита Новата 2019 година на припадниците на АРМ во касарната „Чеде Филипоски -Даме” во Кичево.

 Иванов на сите припадници на АРМ им искажа огромна благодарност за сето она што го прават за Република Македонија и им подари телевизор. Иванов имаше директна линковска врска со нашите војници, кои во моментот се во мировни мисии надвор од границите на нашата земја, притоа честитајќи им ја Новата година и божиќните празници.

Шефот на македонската држава во оваа прилика им ја честита Новата година и на сите граѓани на Република Македонија, порачувајќи во период на големи промени да останеме сполоени, да се почитуваме и да се насочиме кон иднината.

– Очекуваме оваа година да ја добиеме конечно поканата и станеме членка на НАТО, рече претседателот Иванов и додаде дека како и секоја година традиционално на 1 јануари е со војниците на АРМ.

Заедно со началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Ѓурчиновски, претседателот Иванов во кичевската касарна беше на ручек-војничко гравче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.