Важни информации!

Објавил: admin@magazin | 23 јануари, 2021 20:59

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Швајцарија, Холандија и Франција забранија влез за македонски државјани!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

КОВИД-19 – ИЗВЕСТУВАЊЕ: НОВИ РЕСТРИКЦИИ ЗА ПАТНИЦИTE КОИ ПАТУВААТ ВО ХОЛАНДИЈА, ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА/ШВАЈЦАРИЈА!

Скопје, 22-ри јануари, 2021 година

ℹПочитувани патници,

🌍Согласно најновата одлука на Владата на  Холандија, би сакале да ве известиме дека сите патници кои патуваат во Холандија со авионски превоз или по морски пат од високо ризични зони задолжително е да имаат негативен резултат на брз КОВИД-19 тест направен кратко пред заминувањето.

Тестот не смее да е направен порано од пред 4 часа пред качување во авион.

Ова барање е како дополнување на веќе постојното барање за задолжителен негативен резултат од PCR тест направен не порано од 72 часа пред пристигнувањето во Холандија.

Овие мерки стапуваат на сила од сабота,23-ти јануари, 2021 година, во 00.01 часот, а се однесуваат и за оние кои патуваат до Карипските делови на Холандија.

👉За повеќе информации, ве молиме отворете го линкот од официјалното известување од веб-страницата на Холандската Влада:

👉Доколку имате дополнителни прашања, пред да пристигнете на Меѓународниот Аеродром Скопје, ве молиме контактирајте ја Амбасадата на Холандија во Скопје: https://www.netherlandsandyou.nl/

🌍✈✅Согласно најновите информации што ги добивме од Граничната полиција на Германија, од недела, 24-ти јануари, 2021 година, од полноќ, патниците кои заминуваат од Република Северна Македонија, Косово и Албанија, во Германија, задолжително е да имаат негативен КОВИД-19 тест не постар од 48 часа пред пристигнување.

➡️Резултатот од тестот треба да биде на германски, англиски или на француски јазик. Се прифаќаат PCR-тестови, LAMP (loop-mediated isothermal amplification) и TMA (transcription-mediated amplification) тестови.

Германските власти дополнително известуваат дека негативниот резултат од КОВИД-тестот задолжително треба да биде во хартиена (печатена) или пак дигитална форма, со тоа што производителот на антиген тестот мора да е видлив на документот.

Доколку имате дополнителни прашања, пред да пристигнете на Меѓународниот Аеродром Скопје, ве молиме контактирајте ја Амбасадата на Германија во Скопје: https://skopje.diplo.de/mk-de

🌍✈✅Согласно најновите информации што ги добивме од Амбасадата на Франција во Скопје, од 18-ти јануари 2021 година, сите патници кои заминуваат од Република Северна Македонија (како и државјани на сите држави кои не се членки на ЕУ) до Франција, задолжително треба да приложат негативен PRC тест, не постар од 72 часа.

➡️Ова правило на Француската Влада исто така се однесува и е применливо и за францускиот дел од Швајцарија, што значи дека истото ќе се применува и за дестинацијата Базел. Во моментов, летот од Скопје до Париз не сообраќа, но кога ќе почне да сообраќа, ќе се применува ова правило, сè до следното известување.

За повеќе информации, пред да пристигнете на Меѓународен Аеродром Скопје, ве молиме контактирајте ја Амбасадата на Франција во Скопје: https://mk.ambafrance.org/

✅За сите дестинации од скопскиот аеродром, апелираме до патниците да ги проверат последните промени со нивната авиокомпанија, како и со Амбасадата која ја претставува земјата на пристигнување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...