Министерот за финансии на Израел не дава 12 милиони евра за Евровизија

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 август, 2018 9:24

Израел нема пари за Евровизија!?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Главниот град на Австрија би можело да биде домаќин на Евросонг догодина иако Израел победи на годинашниот Избор за песна на Евровизија шпекулираат австриските медиуми.

Можно е Виена да биде домаќин на Евровизија догодина имајќи предвид дека израелската државна телевизија “КАН” побара пари од државата за организација на Евросонг но министерот за финансии одби да стави средства на располагање.

Израел мора да уплати кауција од 12 милиони евра на швајцарска сметка како гаранција дека ја прифаќа организацијата на Евровизија.

Рокот за уплата веќе истеќе и ако тие пари не се веќе на сметката ќе се бара друга земја што ќе го организира изборот а Австрија која беше домаќин пред две години е подготвена повторно да ја преземе таа улога.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.