Изјави од рано изутринава на Оливер Спасовски, Никола Димитров, Мендух Тачи, Али Ахмети, Бујар Османи, Зијадин Села и Радмила Шекеринска, од кои во моментов се срамат

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 19:39

Изјави на “оптимизам” на власта, кои сега им се горчлив пелин

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Минисерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по гласањето на референдумот во Куманово истакна дека ова е историски ден за Македонија.

Секој од граѓаните денеска треба да биде среќен што ќе можеме да ги оствариме нашите вековни идеали, а тоа е Републлика Макакедонија како самостојна и суверена држава да стане дел од НАТО алијансата и европското семејство, изјави Спасовски.

Тој очекува мирен ден, граѓаните да гласаат во демократска, цивилизирана атмосфера, самостојно да донесат одлука и да го кажат својот став во однос на Македонија и иднината на децата.

Посакувам вечерва Македонија да слави заедно со сите граѓани заради сериозниот исчекор и напредок што ќе ги направи за својата иднина, подвелече министерот за внатрешни работи.

Силно светнал ден денеска. Повеќе од еден месец политиката зборуваше и објаснуваше колку е голем историскиот влог на оваа денешна раскрсница. Денеска народот зборува, а народот зборува со гласање изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров откако гласаше на референдумот на гласачко место во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје.

Се надевам дека денес ќе биде празник на демократијата и дека конечно нашата Македонија ќе тргне напред и во вистинската насока – кон ЕУ и НАТО со зачувано тоа што ни е важно, додаде Димитров.

Во изјава за голем број медиуми од регионот шефот на македонската дипломатија рече и дека денешниот ден е важен и за пријателството со соседите во регионот.

Ова е голем ден и за Македонија и голем ден за пријателството со Бугарија, со Грција и со другите соседи. Уверен сум, а и возбуден затоа што денеска е исто така и мојот роденден, рече Димитров.

Претседателот на ДПА Мендух Тачи денеска заедно со своето семејство гласаше на избирачкото место во старата градинка „Младост“ во Тетово.

Верувам дека ќе имаме мирен ден без никави проблеми и исто така верувам дека ќе имаме масовен одговор од граѓаните на Македонија за реферндумот, изјави лидерот на ДПА Тачи по гласањето.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска гласаше на избирачкото место број 0816 во Зајас. По изјаснувањето Ахмети истакна дека ова е историски момент за земјата и оти се надева дека граѓаните мирно и достоинствено ќе излезат и ќе гласаат според нивното убедување, било да е тоа „за“ или „против“.

Според моите информации досега се се одвива мирно, достоинствено и без никакви проблеми. Од утре очекувам сите да работиме за да бидеме што поблиску до ЕУ и НАТО бидејќи особено во последните 15 години речиси сите сме работеле во тој правец. Треба да работиме во правец на мирот и стабилноста, да имаме добар судски систем, да има економски развој, инвестиции и достоинство за сите, како и функционални институции. Се тоа во функција на мирот и стабилноста не само кај нас, туку во целиот регион на овој дел на Европа, рече лидерот на ДУИ.

Граѓаните да излезат што помасовно денеска и да се изјаснат за референдумското прашање, порача лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села по остварувањето на гласачкото право во струшкото село Ливада.

Според него, не треба никој да се двоуми, сите да излезат и да кажат „да“ за влез во НАТО и во Европската Унија.

Членството во НАТО и ЕУ пред се е враќање на надежта која е изгубена во државата. Тоа е многу важно за иднината на државата. Повеќе демократија, слобода на изразување, лична слобода и правна држава. Запирање на судството со два аршими и воспоставување вистинска правна држава, која би значела привлекување на повеќе странски инвестиции и помалку млади кои бегаат од државата, изјави Села .

Тој изрази надеж за позитивен исход од референдумот.

Во мојот живот не сум имал ден во кој сум донел поголема и поважна одлука за моите деца, за моето семејство, но и за сите граѓани. Буквално и во приватниот и во деловниот живот, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи  откако гласаше на референдумот на гласачко место во ОУ „Адем Јашари“ во општина Чаир.

„Поважен ден за поважна одлука не сум имал ниту јас, ниту мислам дека мојата генерација имала поважен ден. Ден што ја одлучува иднината во најсилните контрасти на одлуката, не во нијансите за помалку добро или помалку лошо. Туку буквално денеска ги одредуваме правците на државата, на иднината“, рече Османи. 

Според него, граѓаните се свесни за одлуката што ја носат и денеска масовно ќе излезат од сите етнички заедници и од сите генерации. 

„Денешниот ден е неповторлив. Неповторлив по можноста што ја нуди. Нема да имаме друг ден во наредните генерации кој ни нуди ваква можност да ја утврдиме иднината на генерациите кои доаѓаат во мир и во економска благосостојба“, додаде Османи.

Очекувам референдумот да биде каков што е и денешниов ден, полн со вера, надеж и љубов, полн со верба дека можеме да бидеме подобра држава, надеж дека тоа го правиме со денешниот чин со многу, многу љубов кон наша Македонија, изјави вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска по гласањето на референдумот во СУГС „Георги Димитров“ во Скопје.

Таа рече дека очекува процес во кој мнозинството граѓани ќе покаже силно дека е Македонија да стане земја членка на НАТО и на Европската Унија и дека со таа силна поддршка навистина можеме да направиме чуда.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...