Романците трет ден на протести против Владата на социјалдемократите на Виорица Данчила

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 август, 2018 6:23

Илјадници Романци трет ден со ред протестираат против владата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Илјадници Романци излегоа и во неделата тред ден со ред на улиците на престолнината Букурешт прoтeстирајќи и против владата и против претераната употреба на сила која што полицијата ја примени во петокот кога со повреди завршија повеќе од 450 лица и триесетина полицајци.

Вчера вечер и синоќа се собрале помалку демонстранти споредено со саботата и петокот оценуваат медиумите во своите извештаи.

Демонстрантите ја пееле химната и виореле национални знамиња и повторно крајна дестинација бил парламентот. Повторно ја обвиниле владата за корупција и барале нејзина оставка.

Во петокот околу 100.000 денонстранти бараа оставка на владата водена од социјалдмократите на примерката Виорица Данчила која ја обвинуваат за голема корупција и намера преку правосудните реформи да го контролира судството.

Во Романија последните година и половина редовно се одвиваат протести а врвот беше во февруари 2017 година кога според процените на улиците имаше половина милиони луѓе но тогаш не беше забележан ниеден инцидент.

По враќањето на власт кон крајот на 2016 година социјалдемократите започнаа голема реформа на правосудството којашто според оцените на критичарите во ЕУ претставува закана за независноста на судиите и им овозможува на политичките функционери да ги избегнат прогоните поради корупцијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.