Локалната мрежа Еј Би Си пренесе дека возачот излегол од својот мерцедес и седнал на софата во главниот хол веднаш по упадот.

Објавил: Весна Петровска | 18 септември, 2019 17:46

Инцидент во Њујорк: Влета со мерцедес во зградата на Трамп и седна на софата

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Еден автомобил влета во главната сала на „Трамп Плаза“ во Њујорк, јавија американските медиуми, наведувајќи дека притоа полесно се повредени двајца минувачи и возач.

Во тој луксузен станбен објект во Њу Рошел американскиот претседател Доналд Трамп и неговото семејство немаат престојувалиште, но тој е во нивна сопственост.

Локалната мрежа Еј Би Си пренесе дека возачот излегол од својот мерцедес и седнал на софата во главниот хол веднаш по упадот.

Немало ништо сомнително во упадот, соопшти полицијата од Њу Рошел за локалните медиуми.

Застапникот за имотот на Трамп не беше достапен за коментар, но со мејл испратен до Еј Би Си и се заблагодари на полицијата за брзата реакција.

Трамп ги има  најлуксузните хотели каде цените се превисоки.

Една вечер во Trump International Hotel може да ве чини од 460 долари, па до сe до 25.000 долари, во зависност од тоа дали ќе го одберете претседателскиот, Иванка апартманот и дали ќе уживате во сите бенефиции на хотелот како огромните спа и фитнес центри.

Декорот во хотелот е врвно луксузен, одбран од ќерката на Трамп, Иванка. Ресторанот ги има една од најпознатите шефови на кујна во САД и нуди ексклузивно и богато мени. Конференциските сали во хотелот ги носат имињата на поранешни претседатели на САД, а една го носи името и на Доналд Трамп.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Свет