Малограѓански, поздравни, реторски, филозофски и прашања што поставуваат моќ. Како да ги препознаеме и се справиме со нив?

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 24 февруари, 2020 11:09

Како да се справиме со прашањата кои стигнуваат од секаде?

Фото/Текст извор: ©магазин

Иако општоприфатен е постулатот дека не постои глупаво прашање, постои само глупав одговор, сепак прашањата некогаш знаат да бидат помалку интелигентни од другите прашања. Се верува дека прашањето има само една функција и помеѓу себе прашањата не се разликуваат само поради тоа што имаат прашална форма и интерпукциска која е завршена со прашалник, додека, пак, одговорите ја имаат привилегијата да бидат диверзитетни. Во ова кратка анализа ќе покажеме колку во суштина прашањата можат да бидат диверзитетни и да го одредуваат карактерот на одговорот. Типологизацијата на прашањата е следна:

  1. Малограѓански прашања

Малограѓанските прашања се насекаде околу, од како ќе излезете од дома, па се до работа, продавница, школо или факултет наидувате на такви тупи прашалници. Комшиите, роднините, луѓе знани и незнани ќе ве прашаат- Каде одиш или од каде се враќаш? Кога ќе се мажиш? Заврши ли факултетот? Кога ќе дипломираш? Кога ќе чуваш деца? Со кого беше излезена? Каде се шеткаш? Зар не е доцна во ова време да се враќаш?

Море од малограѓански прашања постои. Поради степенот на индискретност и нискоинтелигентност во нив, на тие прашања никогаш или скоро па никогаш не треба да се даваат одговори. Отсуството на одговор го квалификува прашањето во неговиот автохтон логички свет – а тоа е квалификативот – глупо прашање. Во секој друг случај кога се обидувате да одговорите, каков и одговор да дадете, одговорот е тој што ќе биде квалификуван како нискоинтелигентен одговор а постои и опасност да си навлечете уште прашања или констатации и да дозволите малограѓанска свест да циркулира околу вас.

  1. Поздравни прашања

Здраво, како си?
Леле каков си …

Поздравните прашања се симпатични, но немаат функција да повикаат на одговор. И покрај тоа што имате прашалник после секое прашање, сепак таквите прашања не прашуваат, тие имаат цел да поздрават, да се обратат, да укажат внимание или почит. На пример се среќевате на улица со ваш познаник со кој не сте се виделе долго време, му се обраќате со – „Здраво шо праиш?“ или „Здраво како си?“. Во овие прашања не очекувате да слушнете долга елаборација, туку стандареден одговор „еве, добро“ или повратно прашање „добрар, а ти?“ на кое исто се одговара кратко.

Стандардот за одговарање на овие прашања е следен – одговорите мора да бидат кратки и повторливи и обично да завршат со повратно прашање исто кое го преформулирате во второ лице еднина или множина во зависност со колку луѓе разговарате во моментот.

  1. Реторски прашања

Реторските прашања се една од најинтересните категории кога сме кај прашањата. Пример за реткорско прашање е: „Зарем треба да се чувствуваме навредено поради нивните коментари“. Реторското прашање обично не се одговара бидејќи има за цел да постигне друг ефект и е поставено повеќе како аргументативна форма. Но ако не се согласувате со перцепцијата на беседникот, а водите дијалог може слободно да одговорите и различно од она што се очекува. Дури понекогаш е и добро да се одговара на реторски прашања бидејќи тие го развиваат дијалогот.

  1. Филозофоски прашања

Филозофските прашања се сите прашања кои ве повикуваат да мудрувате или да давате одговори. На филозофските прашања се одговара кратко и обично се поентира со одредена максима, цитат или афоризам. Долгите филозофски одговори имаат вредност, но само теориска, немаат образовна или комуникациска.

  1. Шефовите на работа располагаат со вашето време.
    Друг тип на авторитети располагаат со ваште емоции, труд, расположение, а можеби и тела.
    Проценете ги неранимајковците по нивните прашања и видете кон што имаат сопственички однос кога сте вие во прашање.

    Прашања со кои се воспоставува контрола и се алудира на моќ

Воспитувани сме дека пред институциите на моќ мора да одговараме на секое прашање. На пример ако видиме полицаец во униформа и ни постави прашање кое можеби и не е во негова надлежност ние по инерција и автоматизам му го одговараме прашањето. Исто така и луѓето кои сакаат да воспостават моќ врз другите поставуваат низа прашања во главно нерелевантни и на кои одговорот не е важен, туку само за да покажат „кој тука има право“ да располага со вашето време, труд, живот, емоција и сл. Такви прашања во секојдневна комуникација ги поставува – шефот на работа, професорот, постариот колега, родителите, сопругот или сопругата и други институции во кои има „авторитети“. На такви прашања се одговара само со хумор, бидејќи секој друг тип на одговор значи прифаќање за поставување во субмисивна позиција. Доколку не сакате да бидете во субмисивна позиција и да ве малтретира некој со прашања само за да ја покаже својата авторитарна позиција и моќ, на такви прашања одговарајте со хумот или со контра прашање.

Разновидноста на прашањата е голема, ова е само дел од видови прашања кои постојат и кои ги одредуваат нашите односи, нашата комуникација со другите луѓе, нашата позиција во општеството, но и нашата личност, карактер и морал. Многу е важно да се открие смислата на прашањата и да се најде соодветен начин на кој ќе им се одговори. Бидејќи прашањата се почетокот на секоја комуникација, а ако не се разбере почетокот на комуникацијата воопшто нема да знаме ниту како да ја водиме, ниту како и дали треба да ја завршиме комуникацијата уште на самиот почеток.

 

Автор: Стојмановиќ Магдалена

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...