Убиецот, испукал четири куршуми, го запалил телото, се вратил во Битола, час време бил во теретана па на вечера со функциониерите на ДУИ и заминал трета смена на работа

Објавил: Мартин Попоски | 16 септември, 2018 9:53

Како и зошто Тоска го уби Бекири во прилепско? (сите детали од настанот)

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Грозоморното убиство со умисла не се случило ни инцидентно ни без причина, како што дознаваме тоа било крвав расплет на должничка криза, а ДУИ се обиделе да го прикријат.

Имено убиецот и жртвата се познавале подолго време, при што Енвер Тоска имал должнички заем на повисока сума пари од сега покојниот Алили Бекир, и двајцата од Битола и битолско.

Последната фотографија на Тоска направена 2 часа пред притворот со заменик министерот во МВР Агим Нихиу од ДУИ во Битола.

На денот пред убиството, Тоска преку социјалните мрежи го информирал Бекири дека ќе му помогне да купи возило, за кое Бекири подолго време се интересирал во прилепско.

Откако Тоска го информирал Бекири за цената, заминале на пат, при што и првичните информации од истрагата но и блиски до семејството Бекири говорат дека тој со себе понел поголема сума пари, помеѓу 10 и 25.000 евра. 

Во прилепското село Беловодица, настанала расправија со умисла од убиецот, кој започнал разговор дека сеуште не е во можност да ги врати позајмените пари од Бекири. Бекири се согласил да почека уште малку, но Тоска го при разговорот воден во возилото на Бекири го извадил службениот пиштол и испукал 4 куршуми во Бекири.

По убиството, ги украл парите а врз мртвото тело на Бекири ставил волнена капа, по што го полил со бензин и го опожарил местото. 

Инцидентот се случил на 14 септември во 16:30 часот. 

Тоска со сопственото возило го напуштил местото на настанот. Прво заминал дома, па во теретана, по што повторно се вратил дома за да стигне на неформалниот состанок – вечера со челниците на ДУИ кои престојувале во битолскиот хотел и познат ресторант “Капри” од каде Тоска и направил и неколку селфи фотографии со челници на ДУИ меѓу кои и онаа со заменик министерот за внатрешни работи Агим Нихиу, кој станал дел од приказната за алиби на Тоска.

Тоска со Јавниот обвинител Дилавер Бештеши од ДУИ кој побара притвор за Митко Чавков кој штотуку имаше преживеано инфаркт.

Нешто пред полноќ, СВР Битола и надлежните ограни на прогонот веќе имале сознанија кој е убиецот, но сепак дозволиле согласно правилата Тоска да ја започне својата трета смета со цивилно возило на МВР за проверка и контрола за користење на опојни средства и дрога.

20 минути по 1 часот по полноќ на 15 септември Тоска бил наведен на исцениран случај пред познатите битолски дискотеки по што јавно бил запрен и приведен.

Индикативно е што при распитот иако Тоска веднаш го признал делото, бил повикан да присуствува и заменик министерот за внатрешни работи Агим Нихиу кој во Битола бил по партиска а не службена должност.

Убиениот Бекири (36 години) беше угледен и почитуван стопанственик на мал колонијал во Битола и татко на три деца.

Тоска (24) е полициски кадар на избор на ДУИ, кој често е во придружба на партиските конвенции и митинзи на партијата а важи за човек кој е близок со пратеникот и шеф на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби, како и со Јавниот обвинител Дилавер Бештеши кој го потпиша притворското затворање на поранешниот министер за внатрешни работи и поранешен директор на Бирото за Јавна Безбедност Митко Чавков и по информациите дека Чавков преживел инфаркт и дека неговата здравствена состојба е сериозно нарушена.

Редовни фотографии со пратеникот Артан Груби, шеф на кабинетот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, партија на чии митинзи Тоска беше редовно обезбедување.

Тоска на полицијата и бил познат и претходно, но не како колега, кој во МВР влезе со последниот “бран” млади надежни кадри на Спасовски туку по криминалното досие со што низ Битола на големо се зборува за блискоста на одредени високи функцинери на СДСМ и ДУИ со криминалното подземје во Македонија, со кое комуницираат и соработуваат со лица како Тоска.

Јавноста а особено битолската која ги познаваше и Тоска и Бекири се згрозени од чинот, дотолку повеќе што до сега во Битола вакви грозоморни убиства биле вистинска реткост но и со прашање до надлежните органи, дали ова не е доволен доказ дека партиското примање на нови карди во Министерството за внатрешни работи по секоја цена нема да се причина за уште еден немил настан?

Можеби специјална комисија на МВР и ОЈО треба да ги прегледаат сите досиеја на новите кадри кои од квалификации за работа како органи за чување на јавниот ред и мир ја имаа онаа најбитната, партиската книшка.

Минималната казна со која се соочува Тоска изнесува 15 години затвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.