Во организација на ЗОО Скопје и во соработка со MFC MK, ќе се емитува анимираниот филм „Тајниот агент Мјау“.

Објавил: Владо Марин | 4 октомври, 2020 15:38

КИНО НА ОТВОРЕНО – утре со почеток од 18:30ч во Градски Парк на Школка!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

КИНО НА ОТВОРЕНО – утре со почеток од 18:30ч во Градски Парк на Школка!

Во организација на ЗОО Скопје и во соработка со MFC MK, ќе се емитува анимираниот филм „Тајниот агент Мјау“.

Филмот е базиран на приказна од браќата Грим.

Настанот ќе се одвива според сите здравствени протоколи, влезот е бесплатен, а пред Школка ќе бидат поставени столчиња од каде што безбедно ќе може да се гледа филмот.

Ве очекуваме!

Браќата Грим се вбројуваат во најпознатите раскажувачи на европски сказни. Нивните најпознати приказни се: „Пепелашка“ (Aschenputtel), „Принцот жаба“ (Der Froschkönig), „Јованче и Марика“ (Hänsel und Gretel), „Златокоса“ (Rapunsel), „Румпелстилцхин“ (Rumpelstilzchen), „Заспаната убавица“ (Dornröschen), „Снежана“ (Schneewittchen), “Бременските музиканти”, “Сламката, јагленчето и зрното грав”, “Храбриот кројач”, “Волкот и седумте јариња”, “Лисицата и гуските”, “Мрзливиот Ханц”, “Грне за каша”, “Чевларот и џуџињата” итн.

Браќата Грим започнале да собираат сказни околу 1806 година како одговор на бранот пробуден интерес за германскиот фолклор по објавувањето на збирката народни песни Des Knaben Wunderhorn („Магичниот рог на младите“) од Лудвиг Ахим фон Арним и Клеменс Брентано 1805-08 г. До 1810 година Гримови создале збирка во ракопис од неколку приказни, коишто ги запишувале слушајќи ги раскажувачите кои ги канеле во своите домови. Иако им кажувале дека приказните ги дознавале од селаните, многу од нивните информатори биле луѓе од средната класа или аристократи што им раскажувале приказни што ги слушнале од своите слуги.

Некои од информаторите биле Хугеноти по потекло и раскажувале приказни што потекнуваат од Франција. Дел од стручњаците тврдат дека одредени елементи од приказните биле „пречистувани“ за браќата кои биле побожни христијани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.