Роденденскиот датум, 4 август секогаш има посебно значење за манифестацијата

Објавил: admin@magazin | 4 август, 2018 10:02

Концерт на „Синтезис“ за роденденот на „Охридско лето“

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Етногрупата „Синтезис“ вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе одржи голем концерт со што ќе биде одбележан роденденот на фестивалот „Охридско лето“ – нашата најголема и најреномирана музичко-сценска манифестација.

Станува збор за настан кој според атрактивноста се издвојува од вообичаените програмски содржини, бидејќи роденденскиот датум 4 август секогаш има посебно значење за манифестацијата.

Најавувајќи го концертот кој првично беше закажан во Антички театар, но поради неповолните временски услови е префрлен во Центарот за култура, Сузана Вренцовска, в.д. директор на „Охридско лето“, истакна дека фестивалот секоја година за 4 август нуди содржина наменета за пошироката публика.

Вечерва таа чест да се надополни низата роденденски концерти и е дадена на култната македонска етногрупа „Синтезис“, за која сме уверени дека ќе понуди несекојдневно доживување, рече Вренцовска, изразувајќи задоволство од досегашната посетеност на настаните на 58-мото фестивалско издание.

Фестивалот „Охридско лето“ официјално почнал со концерт одржан на 4 август во далечната 1961 година, со настапот на оперската певица Ана Липша Тофовиќ.

Од година во година „Охридско лето“ според квалитетот на понудените содржини бележи нагорна линија, а во изминатиот речиси шестдецениски период успеа да се профилира во манифестација со извонредно голема уметничка вредност и во институција која во Македонија има најголема и најзначајна продукција на приредби од областа на сите уметности.

„Охридско лето“ се одржува секоја година од 12 јули до 20 август. Од 1994 година е член на Европската асоцијација на фестивалите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Концерти

Имено, Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври во 13:00 часот ќе одржи бесплатен концерт, кој е во организација на Град Охрид и е од отворен тип.

Бесплатен концерт на Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври

Светски познатиот џез, фанк и соул изведувач Владимир Четкар, подготвува извонреден...

Белград ќе биде центар за добра забава, а некој од најпознатите српски пејачи токму тука ќе настапат за новогодишната ноќ.

Чолиќ и Мерлин по 100.000 евра, Цеца ќе пее за 80.000 за Нова Година: Еве колку ќе заработат останатите пејачи за новогодишната ноќ

Повеќето од српските пејачи нема да одмараат за новогодишната ноќ, туку ќе настапат...