Бројот на потврдени случаи во Индија сега е 4.023.179, што е само за неколку десетици илјади помалку од Бразил, кој е втора најзагрозена земја во светот.

Објавил: admin@magazin | 5 септември, 2020 10:12

КОРОНА ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ШИРИ: Во Индија, бројот на заразени надмина 4 милиони, во Мексико за 24 часа над 6.000 новоинфицирани

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бројот на лица заразени со вирусот корона во Индија денес надмина четири милиони, откако беа потврдени рекордни 86.432 случаи во последните 24 часа.

Бројот на потврдени случаи во Индија сега е 4.023.179, што е само за неколку десетици илјади помалку од Бразил, кој е втора најзагрозена земја во светот.

Во Индија, изминатиот ден починаа 1.089 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 69.561, пренесува АП.

ЈУЖНА КОРЕА

Во Јужна Кореја, во последните 24 часа се потврдени 168 нови случаи на вирус на корона, што е трет ден по ред дека бројот на новоинфицирани е под 200, но властите предупредуваат дека е сè уште рано за „намалување на мерките“, пренесува Јонхап.

Дневниот број на новоинфицирани лица во таа земја е во трицифрен број околу три недели, што е поврзано со жариштата во црквите и антивладиниот митинг во Сеул во средината на август.

Изминатиот ден се забележани две нови смртни случаи.

Во Јужна Кореја, 21.010 лица се заразени од почетокот на епидемијата, од кои 333 починале.

ГЕРМАНИЈА

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија е зголемен во последните 24 часа за 1.378 и сега изнесува вкупно 248.997 од почетокот на пандемијата, објави Институтот Роберт Кох.

Во изминатиот ден починаа уште две лица, што го зголеми вкупниот број на смртни случаи на 9.324, пренесува Ројтерс.

КИНА

Не се пријавени локално пренесени случаи на коронавирус во Кина 20-ти ден по ред, а пријавени се и нови 10 увезени случаи, објави денеска Националната здравствена комисија.

Регистрирани се осум асимптоматски случаи, кои не се вклучени во официјалната статистика, што е намалување во споредба со претходниот ден кога ги имаше повеќе од 20, пренесува Ројтерс.

Во Кина се пријавени 85.112 случаи од почетокот на епидемијата, а починале 4.634 лица.

МЕКСИКО

Во Мексико, во последните 24 часа се потврдени 6.196 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигна 623.090, соопшти Министерството за здравство.

Уште 522 лица починале во тој период, така што вкупниот број на смртни случаи сега е 66.851, пренесува Ројтерс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.