СДСМ преку провладините медиуми лиферуваше информација дека "висок" претставник од ВМРО - ДПМНЕ во лично име преговарал со Заев, но дека Мицкоски не ги сменил ставовите

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 октомври, 2018 9:31

Кој преговарал во име на ВМРО – ДПМНЕ со Заев?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Според партиски извори на СДСМ, минатата недела се одржала средба помеѓу “висок” претставник од ВМРО – ДПМНЕ и премиерот Зоран Заев.

Како се тврди, на средбата станало збор за “спуштање на топката” помеѓу двете политички партии по бурата која следеше од потпишувањето на Договорот од Преспа, преку референдумот за промена на името па се до собраниското гласање на уставните измени.

Изворите не го именуваат “висок” претставник од ВМРО – ДПМНЕ но не е исклучена можноста да се работи за член од реформаторите или фракционерското движење во партијата.

“Висок” претставник од ВМРО – ДПМНЕ имен на средба кај Заев дошол во лично име а не во име на партијата но ветил дека ќе ја искористи својата позиција во обид да ги смири страстите во ВМРО – ДПМНЕ и да побара компромис кој би се постигнал со претседателот Христијан Мицкоски.

Средбата како брифираат партиски извори од СДСМ се случила ден пред седниците на највисоките тела на двете партии, Извршните и Централните комитети т.е. одбори и од тогаш “висок” претставник од ВМРО – ДПМНЕ не стапил во повторен контакт. Се верува дека тој не наишол на поддршка кај сопартијците.

Од СДСМ информираат дека од еден од потпретседателите на ВМРО – ДПМНЕ добиле и барања за смирување на политичката криза.

Формирање на влада на широка коалиција, 100 дена Пржинска Влада, фазно менување на Уставот амнестија за финансов криминал и предвремени парламентарни заедн со редовни претседателски избори во 2019 година.

Како лиферуваат партиски избори сите предлози биле отфрлени од претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој го повторил ставот на партијата, дека ЕУ и НАТО интеграциите се фокусна точка во нивната агенда но не со штетниот Преспански договор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.