Ленче Ристоска од 12 ноември е дел од тимот на Еуроџаст,како прв обвинител за врски со Македонија.

Објавил: admin@magazin | 24 ноември, 2018 16:50

Ленче Ристоска избрана за прв обвинител за врски во Еуроџас

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Специјалната обвинителка Ленче Ристоска е избрана за прв обвинител за врски со Македонија во Единицата за судска соработка на ЕУ, Еуроџаст (Eurojust). Во текот на вчерашниот ден Еуроџаст ја информира на јавноста дека заклучно од 12 ноември таа е дел од нивниот тим.

Во нивното соопштение се наведува дека „нејзиното назначување е важен придонес во засилувањето на врските меѓу ЕУ и Западниот Балкан во областа на кривичното право“.
Обвинителот за врски работи со судовите од земјите-членки на ЕУ и треба да ги олесни истрагите за сериозен прекуграничен организиран криминал. „Договорите за соработка, кои ја откочија можноста за сигурна и ефикасна размена на судски информации и споделување на докази, беа потпишани со Албанија, Црна Гора и со ПЈРМ“, се наведува во соопштението.

Ленче Ристоска од 2015 година е дел на тимот на Специјалното јавно обвинителство на Република Македонија на чело со Катица Јанева.

Уштe pred 10 години Еуроџаст има посилна рамка за структурна судска соработка во борбата против сериозниот прекуграничен криминал меѓу земјите-членки на ЕУ и земјите од Западниот Балкан. 
Во изминатите 10 години, обвинителите од различни земји од ЕУ и од Македонија заеднички работеле и соработувале за поголем број случаи, за проневера, шверц на дрога, измама исто така и шверц на мигранти.
Ристоска од 2015 година работеше како дел од тимот во СЈО и стана многу препознатлива во јавноста како портпарол на ова обвинителство кое е активно и до ден денес. Ленче Ристоска е родена во Лешок а моментално живее и работи во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.