Утре и во среда пак очекуваме постабилна атмосфера иако на планинските места во текот на попладневните часови не се исклучува можноста за локален краткотраен дожд и грмежи додека поголеми услови за нестабилност и на повеќе места повторно ќе има во четврток попладне и во петок, повеќе информации околу оваа нова нестабилност следуваат наскоро.

Објавил: Весна Петровска | 20 мај, 2019 23:33

ЛОША ПРОГНОЗА: Невремето „Андреа“ повторно во Македонија

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Денеска  Македонија повторно беше под влијание на циклонот Андреа па така на повеќе места имаше и повремени врнежи од дожд. Во попладневните часови поради загреаната атмосфера и тоа особено во источните предели се разви нестабилна облачност која беше проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено интензивна нестабилност и развој на олуен систем имаше околу Радовишкиот регион и истиот услови интензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични пранења а во околината на Радовиш имаше и интенизвни врнежи од град.

Пред неколку дена во радовишкиот регион поради големото нереме кое циклонот Андреа го донесе имаше поплави и големи штети на земјоделството.

Утре и во среда пак очекуваме постабилна атмосфера иако на планинските места во текот на попладневните часови не се исклучува можноста за локален краткотраен дожд и грмежи додека поголеми услови за нестабилност и на повеќе места повторно ќе има во четврток попладне и во петок, повеќе информации околу оваа нова нестабилност следуваат наскоро.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.