МНС со индигнација го отфрла дрскиот и гневен напад кон Македонците во странство од страна на овие лица и очекува нивно јавно извинување за ширењето омраза кон македонската дијаспора!

Објавил: admin@magazin | 20 мај, 2019 7:18

Македонскиот Национален Совет: Македонската дијаспора е нераскинлив дел од македонскиот народ!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Македонскиот Национален Совет реагираше по повод нападите кон македонската дијаспора од актуелни директори и уредници на телевизии кои преку социјалните мрежи повикуваат на линч и омраза кон Македонската дијаспора. 

Реакција по повод нападите кон македонската дијаспора.

Деновиве за жал сме сведоци на оркестрирани напади од страна на претставници на власта кон македонската дијаспора. За овие напади како параван се користи бојкотот од страна на Македонците во странство кон настапот на претставничката на Северна, држава која тие не ја чувствуваат како своја. Македонскиот Национален Совет е на мислење дека зад овие напади всушност се крие бесот и гневот кон македонската дијаспора како еден од чуварите на македонскиот идентитет, кој власта не може да го урне.

Како предводници на овој напад се покажаа Снежана Лупевска Созен, уредник во Телевизија Телма и Ѓорѓи Галетановски, истакнат член на СДСМ, шеф на изборниот штаб на Пендаровски и директор на Зоолошката градина – Скопје. Покрај тоа што Македонците се нарекуваат “гнаси”, се бара и одземање на нивното македонско државјанство и забрана за влез во Македонија.

МНС со индигнација го отфрла дрскиот и гневен напад кон Македонците во странство од страна на овие лица и очекува нивно јавно извинување за ширењето омраза кон македонската дијаспора! МНС ги повикува македонските институции да го испитаат овој говор на омраза и соодветно да делуваат. МНС потсетува дека македонската дијаспора е нераскинлив дел од македонскиот народ, а Македонците во Македонија треба да бидат горди на своите браќа и сестри во странство и заради помошта која што ја праќаат во Македонија и заради проморивањето на Македонија и македонскиот народ низ светот.

МНС исто така сака да потсети дека СДСМ како опозициска партија, во 2016та година во сите свои настапи против тогашната власт го користеше фактот за огромна бројка на иселени лица, правеше перформанси со чевли пред зградата на Владата на Република Македонија, покажувајќи наводна загриженост за иселеништвото, за денес преку свои истакнати членови да врши вакви напади кон своите сонародници во странство само затоа што тие делат поинакво мислење и политички погледи некомпатибилни со вештачката државна творба наречена Северна.

Македонскиот Национален Совет е на мислење дека ништо од ова не е случајност и се очекуваат уште позасилени напади кон Македонците надвор од Македонија заради чистата линија на отпор кон предавничките политики на оваа власт.

Со почит,
Македонски Национален Совет

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.