Денеска на Јутјуб каналот беше објавена пиратска верзија на македонскиот документарен филм „Медена земја“.

Објавил: Весна Петровска | 15 јануари, 2020 12:20

„Медена земја“ злоупотребена: На Јутјуб се појави пиратска верзија

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Денеска на Јутјуб каналот беше објавена пиратска верзија на македонскиот документарен филм „Медена земја“.

Иако видеото стана вирално на социјалните медиуми и некои македонски медиуми ја пренесоа веста дека документарниот филм е достапен за гледање на Јутјуб, режисерот Атанас Георгиев во изјава за Магазин  потврдува дека документарниот филм е пиратиран и нелегално пуштен на видео платформата, како и дека по нивната реакција на Јутјуб истиот ќе биде отстранет. Тој напоменува и предупредува дека секакво објавување на линкот од Јутјуб со пиратираниот филм е казниво со закон и дека соодветно ќе реагираат.

Светските дистрибутерски права за „Медена земја“ и припаѓаат на американската куќа „НЕОН“, додека документарниот филм во моментов може да се гледа на гигантската стриминг платформа „ХУЛУ“.

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ е во трка за два оскари, и тоа за најдобар документарен филм и најдобар интернационален филм. Освен што овие две номинации испишуваат нова историја во македонската кинематографија, за прв пат во историјата на Оскарите документарен филм добива номинација и во категоријата најдобар интернационален филм.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.