Дипломатската кариера на Палмер во целост е испишана на Балканот

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 август, 2018 11:39

Метју Палмер со промашена мисија “за” Северна Македонија на Илинден

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заменик помошникот државeн секретар за Европа и Евроазија Палмер во својата посета на Македонија токму за Илинден далеку од дипломатската пракса отворено се меша во внатрешните работи на државата.

Не се знае како би реагирал претседател на Соединетите Американски Држави ако било која држава испрати свој министер за надворешни работи на 4-ти Јули и на маса да го стави предлогот САД да го променат името во Соединети Британски Колонии на Америка?

Прашањето е можеби реторичко и нереално но Палмер во моментот го прави токму. Високиот “гостин” од САД впрочем одлично знае што прави затоа што го знае менталитетот на Балканските политичари.

  • Писател по вокација Палмер со политика за прв пат се запознава во 1993 година до 1995 година кога за прв пат е именуван за советник за политика во амбасадата на САД во Белград редовно испраќајки извештаи за политичката и безбедностана состојба во регионот и Србија за што добива и посебно признание од тогашниот директор на ЦИА.

  • Од 1995 година до 1997 година Палмер е асистент на тогашната амбасадорка на САД во Обединетите нации Медлин Олбрајт – подоцна Државен секретар на САД.

  • Во периодот од 1997 до 1999 година повторно е во амбасадата на Сојузна Република Југославија во Белград како советник – координатор на кризата во Црна Гора и Србија а одговорен за ситуацијата која ескалира на Косово. 

  • Од 1999 година до 2007 година минува низ разни фунции од кои интересно е неговото “медијаторство” на Кипар во периодот од 2003 година до 2006 година преку амбасадата на САД во Кипар. 

  • Во 2011 година до 2014 година Палмер повторно се враќа на Балканот – во Белград – каде работи на подобрување на односите на Србија со Обединетите нации како советник за национална политика на амбасадорот на САД на тема Косово. 

  • Со Балканот повторно се сретнува во 2016 година кога е именуван за заменик – помошник државен секретар при Стејт Департментот за Европа и Евроазија со потесна спецификација за политиките на земјите од централна и југоисточна Европа поточно со земјите од Западен Балкан. 

Зошто Палмер го одбра токму Илинден за своја посета на Македонија притоа користејќи ја позицијата во политичка игра повикувајќи ги граѓаните на Република Македонија да излезат и да гласаат со “за” на Референдумот за промена на името кој е закажан за 30-ти септември е прашање за македонските политичари и државниот врв.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.