На социјалните мрежи не се смируваат страстите помеѓу новинарите Миленко Неделковски и уредникот на Плус инфо Бранко Героски.

Објавил: admin@magazin | 23 јули, 2019 17:28

МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ: “Гласот за закана од Героски со ОГНЕНО ОРУЖЈЕ никако да стигне до ЈО”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Новинарот Бранко Героски пред неколку денови на социјалните мрежи ги повика Саше Ивановски Политико и Миленко Неделковски да ја објават наводната видео или аудио снимка што ја поседувал Миленко, во која Орце Камчев наводно му дава на Героски 25.000 евра во кеш. На фејсбук профилите од двајцата новинари, се гледаат безброј навредливи коментари кој си ги упатуваат еден кон друг.

Македонскиот новинар и ТВ водител, Миленко Неделковски, на социјалните мрежи објави Фејсбук статус, во кој вели дека гласот за заканата од Героски со огнено оружје кон него, никако да стигне до јавното обвинителство.

Оваа закана од Бранко Героски кон Миленко и другата останата багра како што пишуваше Героски, е упатена уште пред неколку години, кога наводно Миленко ја навредувал ќерката од уредникот на Плусинфо.

Фејсбук статусот на новинарот Бранко Героски од пред неколку години.

Героски пишуваше дека Миленко ја навредувал неговата ќерка и вршел атаци на негови блиски колеги, како и своевремено на порталот Плусинфо. Тој во статусот напиша дека ќе го искористи своето право да се брани на сите законски дозволени начини.

Која е целта на Миленко Неделковски со овој повторно објавен пост на социјалните мрежи, останува да видиме.

Со пиштолот и дозволата добиени од Доста Димовска, јавно се заканува!!!
Гласот за закана со огнено оружје никако да стигне до ЈО?!!!!
Герики се Покаки у Гаки, пишува Миленко Неделковски.

Новинарот Бранко Героски веќе некое време објавува тајни за рекетот и уцените од страна на луѓе блиски до актуелната власт. За Кики и Фрики Героски откри дека се политичари, кои дел од владејачката гарнитура.

Како што потенцираше Героски во своите колумни, се работи за пратеници од кои едниот до неодамна бил на висока партиска позиција, а другиот бил на висока државна функција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.