Нема одложувања на судењата поради коронавирусот, Министерството за правда бара да се намали бројот на јавност во судниците

Објавил: Македонка Димкин | 12 март, 2020 15:53

Министерката Дескоска: Имало вирус или немало, судењата ќе продолжат!

Фото/Текст извор: ©магазин

Нема одложувања на судењата поради коронавирусот, Министерството за правда бара да се намали бројот на јавност во судниците

Следејќи ги препораките на Министерството за здравство, а со цел зголемена заштита на странките во постапките, Министерството за правда препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост.

– Сите судења за кои постојат законски услови треба да продолжат. Се препорачува оние судења за кои има масовен јавен интерес да продолжат со редуциран број на физичко присуство на јавноста за кои треба да се овозможи алтернативен начин за следење на судењето покрај физичкото присуство.

Се препорачува искористување на просториите во кои има физичко одделување на учесниците во постапката и јавноста, како и користење на други можности за информирање, како видео пренос и слично, се наведува во соопштението на Министерството за правда.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.