Првата донација е во црквата во Љубанци

Објавил: Узунов Бобан | 7 април, 2019 18:55

(фото) Мицковски ги донира лустерите од белата палата во македонските цркви

Фото/Текст извор: ©магазин

Јохан Тарчуловски на својот фејсбук профил изрази благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за донацијата на лустери за црквата св. Никола во Љубанци. 

Фејсбук статусот на Јохан Тарчуловски за донацијата од штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Огромна благодарност до претс.на ВМРО ДПМНЕ 
Христијан Мицкоски за донацијата од лустери кој се извадени од централниот штаб а кој беа означени како луксуз. Затоа се подаруваат по македонските цркви и манастири. Црквата св Никола с.Љубанци ќе ви е вечно благодарна. 

Инаку ВМРО-ДПМНЕ  не може да ja продава и да ja  издава Белата палата, во која се наоѓа партиско седиште, одлучил Основниот суд Скопје 1 во рамките на процесот Талир.

„Му се забранува на правното лице ВМРО – ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО да го отуѓува, става под хипотека и располага со давање под закуп недвижниот имот“, стои во прибелешката на имотниот лист во Катастарот.

Барањето доаѓа од предметот „Талир“, истрага која СЈО ја води против 14 осомничени паритски функционери за незаконито финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Во барањето до основниот суд Скопје 1 за замрзнување на имотот како причина беше наведено тоа што претседателот на партијата Христијан Мицковски во медиумите најавил дека ја разгледуваат можноста за продажба или давање под закуп на седиштето на партијата. 

Инаку целокупниот замрзнат имот на партијата ВМРО-ДПМНЕ се проценува на 15 милиони евра. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.