Мицкоски изјави дека за ВМРО, престојните избори на 21 април, не се обични избори, туку избори кога ќе се промени актуелната власт

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 април, 2019 10:37

Мицкоски:СДСМ удри по темелите на нашата заедничка куќа, сакаат да ја срушат, но од нас зависи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вчерашниот голем митинг во Скопје, лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, со својот говор успеа да придобие многумина. Тој изјави дека за ВМРО, престојните избори на 21 април, не се обични избори, туку избори кога ќе се промени актуелната власт, која како што вели удри по темелите на нашата држава.

Oфицијалниот дел на вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател на државата Гордана Сиљановска-Давкова почна со химната на Македонија, која ја изведе оперскиот пејач Игор Дурловски.
ФОТО: МКД.МК

Драги пријатели, браќа и сестри чукна часот, дојде денот, мигот кога секој од вас треба да ги превземе работите во своите раце, да излезе и да гласа, да гласа за својот дом, за своето семејство, за заедничката иднина. Македонија овој пат се брани со гласачко ливче, на 21 април и потоа и на 5 мај. Затоа што ова не се обични избори. Затоа што оваа власт удри по темелите на нашата заедничка куќа, по нашиот дом, почна да руши дел по дел од она што со генерации беше градено, изјави синоќа на цнтралниот митинг во Скопје на ВМРО-ДПМНЕ Претседателот на партијата Христијан Мицкоски кој додаде:

Мицкоски револтиран од власата изјави дека моменталните функционери само ги срушија темелите на Македонија, која ја нарекува заедничка куќа, која власта ја разруши. Мицкоски повика да заврши ова рушење на нашиот дом, и на изборите Македонија да се одбрани со заокружување на бројот 2.

„Сруши еден темел, нагриза друг, почна со рушење на дневната соба, ги разниша гредите, а кровот, кровот кога тогаш ќе падне без сето ова. Во меѓувреме ни велат седете внатре безбедни сте, иако сите добро знаете дека не е така. Затоа добри луѓе ова мора да престане. Мора да се спротивставиме на ова рушење, зошто ни го одземаат нашиот дом, кој не е само наше право туку и наша обврска. Затоа овој пат Македонија се брани на овие избори со гласачко ливче.“

Мицкоски на митингот рече дека СДСМ со оваа кампања успеа само да го потврди сето она што го говорел за Заевизмот, за црнилата кои тој Заевизам ни ги донел.

-До таму дојде работата што истрчаа на избори без визија, на нивните митинзи освен по некоја нарачана фалба, тук так некоја поетска изведба и лош хумор од Пендаровски Стево нема да чуете ништо конкретно. Па тоа е потценување на сопствениот народ. Да го видите на билборди со онаа насмевка, и со позадина на народ кој е затемен , со заматени лица, бидејќи Пендаровски Стево по примерот на тој кој го номинираше Зоран Заев бил најважен, сето друго е помалку важно. Од Пендаровски наместо визија ќе чуете бачила, сурати, пред очи да не му излегувале луѓето ако не победел,па луѓето ги нарекува со оној збор којшто ми е непријатно и да го споменам овде, а од Заев што можеме да слушнеме ново, се изнаслушавме, нема што ново да слушаме, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.