-Законите треба да бидат напишани од стручната фела, од луѓе чиј интерес е само интересот на граѓаните а не интересот на Заев да се избега од одговорност.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 февруари, 2020 11:20

Мицкоски: Законите треба да се носат од стручна фела, не да му служат на Заев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На својот Фејсбук профил утринава претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски напиша дека законите треба да бидат напишани од стручната фела.

Ние немаме милион евра за скапи кампањи како што тоа го направи СДСМ пред еден месец, но ја имаме вистината која постојано ја говориме и со скромни средства постојано настапуваме пред граѓаните.
За да ја говорам вистината не се потребни пари, доволно е да се отиде и застане пред луѓето и да се говори искрено и од срце. Тоа го правам и ќе продолжиме да го правиме, рече неодамна Мицкоски во интервју за Магазин.мк .

-Законите треба да бидат напишани од стручната фела, од луѓе чиј интерес е само интересот на граѓаните а не интересот на Заев да се избега од одговорност. Македонија е земја на нејзините граѓани, а не само земја на една мала група на луѓе, одредено семејство, било тоа Заеви или некое друго. Како држава не смееме повеќе да грешиме. Го немаме тој луксуз ниту пак граѓаните го даваат тоа право. Само така Македонија ќе има иднина, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Неодамна во интервју за Магазин.мк Мицкоски го кажа истото и стои на тој став дека законите според него треба да се носат од стручна фела и дека нема да поддржат закон по тертипот на Заев.

Со внимание ја следам дебатата за законот за јавно обвинителство и можам да кажам дека навистина кај власта постои паника од независно обвинителство. Ја слушам министерката за правда Дескоска како вели дека ВМРО-ДПМНЕ имала само едно барање да запреле постапките кои се водат на суд против нас. Можам само да кажам дека Дескоска ја префатил вирусот од Заев за лажење. Јас излегов на опширна прес конференција која траеше речиси еден час каде кажав дел од причините зошто не поддржуваме закон за јавно обвинителство по теркот на Заев и зошто тој закон е противуставен. Симплифицирано не поддржуваме закон со кој Заев одново сака да се амнестира од одговорност преку воспоставување на контролирано обвинителство преку кое треба да поминат неказните криминалите на неговиот хибриден режим. тој филм нема да се гледа. Доколку СДСМ навистина е за законско решение нека ги прифатат нашите забелешки и веднаш да го изгласаме законот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...