Инфекции во детска градинка во Чаир

Објавил: Узунов Бобан | 13 март, 2019 9:13

МРСА кај деца во градинка во Чаир

Фото/Текст извор: ©магазин

Бактеријата МРСА вчера била пронајдена во нос кај четири деца во градинаката „Снежана” во Чаир. Во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски” едно дете ја имало оваа опасна бактерија, информираа од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Минатиот месец мајка пријавила дека кај нејзиното дете во нос била пронајдена бактеријата МРСА, па по земените брисеви кај 37 деца, кај три од нив 3 била откриена таа бактерија, а кај две стафилококус ауреус. 

Бактеријата МРСА се јавува во средини со ниски хигиенски навики и симптоматично е тоа што оваа бактерија се појавила во градинка. МРСА-та може да предизвика сериозни инфекции кај лицата со намален имунитет и со оштетена кожа или слузници. Доколку продре под кожата или во телото, може да предизвика сериозни заболувања како гнојни инфекции на кожата, воспаление на дишните патишта, пневмонија. Од MРСА формата на стафилокок најчесто заболуваат лицата со ослабен имунитет

„Наложено е да се направи дезинфекција, проветрување и сите други мерки во вакви ситуации, а децата се лекуваат и не доаѓаат во градинка“, информираа од ДСЗИ.

Во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ биле земени брисеви од сите деца во одделението и кај ниту едно не е пронајдена бактеријата. И таму е направена дезинфекција и преземни се мерки за заштита.

Лекарите велат дека не е ново метицилин резистентна (МРСА) да биде пронајдена во нос.

Од ДСЗИ велат дека нема ниту еден фактор кој треба да делува вознемирувачки, екипите на Центарот за јавно здравје се на терен, издадени се мерки, децата се излоираа и се ставија под терапија кај матични и соодветни специјалисти. Бактеријата може да се лечи со антибиотици.

За да се заштитиме од инфекцијата со оваа форма на стафилококна бактерија, треба да водиме сметка за правилната и редовна лична хигиена. Редовното миење на рацете е најважна работа. Обавезно убаво треба да се измијат рацете со сапун и млаз вода пред секое земање на храна или после посета на болен. Треба да се избегнува контакт со болни, како и да се избегнува користење на заеднички предмети за лична хигиена.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.