Во Флорида на турнир во играње видео игри четворица убиени и 11 повредени

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 август, 2018 8:11

Најмалку четворица загинати при напад во Флорида

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најмалку четири лица загинаа а седум се повредени во оружен напад што се случи на турнирот за играње видео игри во Џексонвил во американската сојузна држава Флорида.

Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е мртов но соопшти и дека има 11 повредени лица.

Шерифот на Џексонвил Мајк Вилијамс изјави дека се уште се работи на идентификација на осомничениот но истакна дека е белец.

Дел од американските медиуми објавија дека напаѓачот е 24-годишениот Дејвид Кац од Балтимор кој учествувал на турнирот.

Според непотврдени информации напаѓачот убил четири лица а потоа се самоубил. Турнирот во играње видео игри “Madden NFL 2019” беше пренесуван во живо преку интернет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.