вторник, 7 мај 2024

MK/ EN/ DE



19-годишната девојка на која и беше ампутирана ногата, за жал денеска им подлегна на повредите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 март, 2019 16:13

Несреќата кај Ласкарци ја зеде и 16-тата жртва-почина девојката на која и беше ампутирана ногата

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Трагичната несреќа кај Ласкарци ја зеде и 16-тата жртва.

19- годишната девојка на која и беше ампутирана ногата, за жал денеска им подлегна на повредите.

„И покрај сите напори на лекарите да и го спасат животот, односно да ги санираат повредите, девојката почина денеска околу 13 часот“, потврдиле за „Независен весник“, д-р Алберт Леши, раководител на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија и анимација при Клиничкиот центар во Скопје.

Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар.

Кобната автобуска несреќа се случи кај местото Ласкарци на 13 февруари кога автобус на „Дурмо турс“ полн со патници излета возејќи од Скопје кон Гостивар. Веднаш по несреќата починаа 13 лица, а потоа уште две лица починаа во болница, за денес оваа несреќа да ја земе и шеснаесетата жртва. Во несреќата беа тешко повредени дури 37 патници.

За спасување беа мобилизирани сите комбиња на брзата помош од „Здравствен дом – Скопје“ и од приватните болници „Неуромедика“ и „Систина“. Владата ги прогласи за ден на жалост 14 и 15 февруари.

За потсетување, на 14 ти овој месец беа приведени шест лица за несреќата кај Ласкарци меѓу кои и сопственикот на „Дурмо турс“, и возачот на автобусот.

Автобусот беше на вештачење во Машинскиот факултет, каде требаше да се утврди дали бил технички исправен, при што се испостави дека преголема брзина и нецелосното функционирање на кочниците на автобусот „Дурмо турс“ била главната причина за несреќата.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.