Заев знае дека Мијалков бил "про", дека имал средби и координации со пратениците а некои биле со него кога бил и приведен но не знае дали ќе има влијание и во Јануари

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 декември, 2018 6:16

Не знам дали Мијалков обезбеди пратеници, ќе видиме во Јануари

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Премиерот Заев, во повеќе наврати говореше дека точно знае дека бројката на првата фаза од отворањето на уставот ќе изнесува 80 пратенички мандати во поддршка а во третата финална, таа ќе достигне 88.

Заев некаде се изгуби во преводот, кога беше запрашан дали лично Сашо Мијалков му помогнал да го обезбеди 2/3 мнозинство.

Премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче Веле вели дека ќе се види во јануари придонесот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков во обезбедувањето двотретинско мнозинство во Собранието за гласање на потребата за промена на Уставот.

Слушав и јас за ставовите на Мијалков дека тој бил „про“, дека разговарал со пратениците, па дури и дека некои биле со него кога бил приведен. Не знам дали Мијалков, или некој друг, обезбедил гласови.

Дали имал некакво влијание и какво, ќе видиме на крајот од процесот, во јануари.

Знам само дека јас разговарав со пратениците и продолжувам да разговарам. Јас со нив не разговарав ни за Сашо Мијалков, ни за Никола Груевски.

Тие се пратеници, независни личности со кои разговарав врз основа на аргументи, за да помогнат со својот глас, и да кажат што им е е важно за да се вградат во тој процес. Тие испорачаа барања и јас ги прифатив: дополнување на амандманите и формирање на телото за помирување. Низ разговор за политички процес кој нема да влијае врз правосудниот процес и нема да ја помине црвената линија за одговорноста, најдовме заеднички јазик кој ќе не води кон помирување.

И знам дека тие луѓе веруваат во овој процес. Знам дека и многу други веруваат, бидејќи разговарав и со многу други, но немаа досега храброст да се прекршат. За жал, еден дел од опозицијата е толку ригиден, што знае за одговорноста, но од пусти политички калкулации никако не се прекршува.

Но јас ќе продолжам да разговарам. Во конечноста на амандманите сите ќе видат колку сме инклузивни, токму заради сугестиите кои дојдоа на конструктивен начин од претставници на самата опозиција. – одговара Заев

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.